Свет

Киев ги покани лидерите на ЕУ на Денот на победата, кога во Москва се одржува парада

Украина покани високи европски претставници во Киев на 9 мај како демонстрација на дипломатска сила против годишната воена парада на Русија на Денот на победата во Втората светска војна. Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха денеска упати повик до своите колеги од Европската унија за време на собирот во Луксембург, барајќи од нив „да […]

Ukrainian President Volodymyr Zelenskiy and European Commission President Ursula von der Leyen attend a press conference, amid Russia's attack on Ukraine, in Kyiv, Ukraine November 4, 2023. REUTERS/Thomas Peter

Украина покани високи европски претставници во Киев на 9 мај како демонстрација на дипломатска сила против годишната воена парада на Русија на Денот на победата во Втората светска војна.

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха денеска упати повик до своите колеги од Европската унија за време на собирот во Луксембург, барајќи од нив „да го покажат нашето единство и одлучност пред најголемата агресија во Европа по Втората светска војна“.

„Зеленски сака да биде домаќин на лидерите на 9 мај од коалицијата која е подготвена да даде безбедносни гаранции за Украина по постигнувањето договор за можен прекин на огнот со Русија“, додаде Сибиха.

Извори за „Политико“ изјавија дека во тек се разговори шефовите на држави на ЕУ да ја посетат Украина на почетокот на мај, вклучувајќи го и идниот германски канцелар Фридрих Мерц, иако точната локација не е прецизирана.

Рускиот претседател Владимир Путин ги покани лидерите на Србија, Израел, Кина, Бразил и Словачка да му се придружат во Москва за да ја прослават 80-годишнината од крајот на Втората светска војна, но САД, како и повеќето земји од ЕУ, не се поканети.

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш и некогашниот француски претседател Жак Ширак присуствуваа на воената парада на Црвениот плоштад во Москва во 2005 година, но ниту еден западен лидер не присуствуваше во последните години.

Најнови вести од: Свет

Мерц со порака до Западниот Балкан: Ослободете се од минатото, ако сакате иднина во ЕУ!

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика земјите од Западен Балкан да не останат заробени во минатото, предупредувајќи дека поделбите и поларизацијата не придонесуваат за изградба на подобра европска иднина. Според Мерц, застојот во дијалогот меѓу Приштина и Белград го кочи целиот регион, поради што е неопходен итен напредок.

ЕУ ќе бара од Канада и Британија поголемо финансирање за Украина

ЕУ и нејзините земји-членки обезбедуваат 80 отсто од помошта за Украина, изјави Урсула фон дер Лајен и истакна дека итно е потребно други партнери да го пополнат финансискиот јаз од 70 милијарди евра со кој Киев ќе се соочи следната година

To top