Свет

Киев ѝ се извини на Грција за заталканиот поморски дрон

Инцидентот бил резултат на околности предизвикани од тековната руска агресија врз Украина

Украина изразува извинување за инцидентот со морски дрон пронајден во близина на грчкиот остров Лефкада. Ова се наведува во соопштението на портпаролот на Министерството за надворешни работи, Георги Тихи, пренесува UNN.

Според него, инцидентот е резултат на околности предизвикани од тековната руска агресија врз Украина.

Украинската страна изразува благодарност до Грција и грчкиот народ за нивната непоколеблива поддршка на нашата земја уште од првите денови на целосната инвазија на Русија. Украина високо ги цени своите пријателски односи со Грција – истакна Тихи.

Тој нагласи дека бидејќи современите предизвици за меѓународната и регионалната безбедност, особено поморската безбедност, и активностите на руската „флота во сенка“ се од заеднички интерес и за Грција и за Украина, Украина ја нагласува својата посветеност на нормите на меѓународното право и принципите на цивилната поморска безбедност, истакнувајќи го својот интерес за спречување на слични инциденти во иднина.

Украинската страна е убедена дека овој инцидент, како и слични случаи во други региони, покажува дека континуираната агресија на Русија врз Украина претставува закана не само за нашата земја, туку и за соседните пријателски држави, Европа и светот како целина – нагласи портпаролот на МНР.

Тој додаде дека Украина, како и Грција, останува посветена на понатамошно продлабочување на пријателските односи меѓу нашите две земји и развивање на конструктивен дијалог во сите области од заемен интерес.

Грција стравува од прелевање на украинско-руската војна во Медитеранот

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top