Свет

Кој е најбогатиот човек во светот што тежи рекордни 749 милијарди долари?!

Илон Маск повторно собори светски рекорд – според Forbes, неговото богатство достигна 749 милијарди долари по наглиот раст на акциите и судската одлука поврзана со Tesla.

Американскиот милијардер Илон Маск повторно испиша историја, а неговото вкупно богатство во моментов изнесува 749 милијарди долари, објави магазинот Forbes.

Маск на 19 декември стана првата личност во историјата што достигнала богатство од 700 милијарди долари, а само четири дена претходно го надмина и тогашниот рекорд со вкупна вредност од 600 милијарди долари.

Огромното богатство на Маск доаѓа главно од неговите акции и удели во компаниите што ги основал, како и од инвестициите во различни технолошки иновации. Неговата позиција како најбогат човек се должи на континуираниот раст на вредноста на компаниите кои ги води и на неговите иновативни проекти кои го привлекуваат вниманието на инвеститорите ширум светот.

До овој драматичен раст дошло откако Врховниот суд на сојузната држава Делавер ја поништи пресудата на понискиот суд, со која претходно беше укината доделата на опции за акции на Tesla на Маск.

Вредноста на тие акции сега се проценува на околу 139 милијарди долари, што значително придонесе за зголемувањето на неговото вкупно богатство.

Најнови вести од: Свет

Зошто горивото во Германија е поскапо од остатокот на Европската Унија?!

Цените на горивата растат низ цела Европа поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, но Германија се издвојува со значително повисоки поскапувања од просекот на Европската Унија. Бензинот таму поскапел за околу 5 проценти, што е двојно повеќе од повеќето соседни земји. Главната причина не е само глобалниот раст на цената на нафтата, туку структурата на самата цена во Германија.

Лорд Рикетс до Трамп: НАТО не е за секоја војна што САД ја започнува

Американскиот претседател Доналд Трамп остро ги критикуваше членките на НАТО откако повеќето од нив одбија да се приклучат на предложената поморска коалиција за обезбедување на слободниот проток низ Ормутскиот теснец – стратешкиот теснец низ кој пред ескалацијата на конфликтот минуваше околу 20 отсто од светската нафта.

Мицкоски на Конгрес на Европската народна партија

Од партијата истакнуваат дека присуството на Конгресот ја потврдува определбата на  Македонија за европска интеграција и обезбедува можност за билатерални средби со претседатели, премиери и лидери од семејството на Европската народна партија

To top