Свет

„Колку глупаво прашање“

„Русија е огромна земја и тие ја освоија својата земја преку војни. Тие водат војни, тоа е она што го права“ вели Орбан

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера на прес-конференција во Вашингтон изјави дека разговарал со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кого го опиша како „многу, многу паметен човек кој некои луѓе го сакаат, а некои не“.

Тој рече дека Орбан, за кого рече дека е добро запознаен со ситуацијата во Украина и Русија, го прашал дали Украина може да ја победи Русија во војна.

„Ме погледна како: „Какво глупаво прашање“, рече Трамп.

Трамп додаде дека унгарскиот лидер му рекол:
„Русија е огромна земја и тие ја освоија својата земја преку војни. Тие водат војни, тоа е она што го прават“.

„Кина победува преку трговија, Русија победува преку војни“, рече Трамп.

Најнови вести од: Свет

На повеќе од 27 илјади лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола!

Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија лани во октомври, на над 27.000 лица им бил одбиен влезот во блокот, соопшти денеска Европската комисија. Меѓу лицата на кои им е забранет влезот, околу 700 претставувале директна закана за безбедноста.

To top