Свет

Кражбата на храна од глад не е кривично дело

Највисокиот суд во Италија донесе историска пресуда, со која кражбата на мала количина храна направена поради глад, не се смета за кривично дело

 

 

 

 

Случајот започнал во 2015 година кога Роман Остријаков, бездомник од Украина, беше фатен во супермаркет во Џенова со храна вредна 4,07 евра, која ја сокрил под јакната откако платил само за грисини. Првично, тој беше осуден на шест месеци затвор и казна од 100 евра., пренесува Фактор

Сепак, Касациониот суд ја поништи пресудата, образложувајќи дека кражбата е извршена во „состојба на нужда“. Судот нагласи дека Остријаков бил соочен со „непосредна и суштинска потреба за храна“ и дека никој не смее да гладува. Правото на опстанок мора да има предност пред правото на сопственост, стои во одлуката.

Пресудата доби поддршка во јавноста и беше оценета како „историска“ и „праведна“, поставувајќи морален стандард кој ја нагласува важноста на човечноста пред буквалното применување на законот.

 

Најнови вести од: Свет

ММФ предупредува: Конфликтот со Иран ја засилува инфлацијата и ги нарушува глобалните синџири на снабдување

Не е веќе прашање дали војната на Блискиот Исток ќе ја погоди светската економија, туку колку длабоко и колку долго. Најновата анализа на Меѓународниот монетарен фонд, објавена на 30 март и потпишана и од главниот економист Пјер-Оливие Гуринша, испраќа една јасна порака: ако кризата во Заливот продолжи да ги нарушува испораките на нафта, гас и ѓубрива, светот ќе се соочи со повисоки цени и побавен раст. Фондот предупредува дека шокот е глобален, но нема да биде еднакво распределен, најсилно ќе ги погоди земјите што зависат од увоз на енергија, сиромашните економии и државите со слаб фискален простор.

Рубио: НАТО ќе мора да се преиспита по војната со Иран

Американскиот државен секретар Марко Рубио остро ги критикуваше Шпанија и дел од другите сојузници во НАТО поради ограничената поддршка во војната против Иран, сугерирајќи дека Вашингтон по завршувањето на конфликтот можеби ќе ја преоцени својата улога во Алијансата.

Рубио за заканите од Иран: Тие се луди религиозни фанатици – Трамп ќе им го спречи сценариото за Хормускиот теснец!

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, ги коментираше растечките тензии со Иран, велејќи дека заканите на Техеран за трајна контрола на Хормускиот теснец и воведување систем за полнење нема да бидат толерирани. „Ова нема да биде дозволено“, рече Рубио, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп има голем број опции на располагање за да спречи такво сценарио.

To top