Свет

„Ла Стампа“: Четири причини зошто Путин нема да ја добие војната во Украина

Италијанскиот весник се повикува на анонимни разузнавачки извори од САД во анализата на руските слабости

Повикувајќи се на американски разузнавачки извори, италијанскиот весник „Ла Стампа“ објави анализа за слабостите што ќе го спречат рускиот претседател Владимир Пурин да ја добие војната во Украина.

„Поголемиот дел од американската разузнавачка заедница верува дека Путин е сè уште убеден оти може да го добие конфликтот во Украина на бојното поле. Сепак, реалноста, како што изјавија двајца високи американски разузнавачки извори за ‘Ла Стампа’ под услов на анонимност, е сосема поинаква.

Постојат четири главни причини што ја спречуваат Русија да победи на терен: масовната употреба на резервисти; тешката економска состојба; ‘незабележливиот’ напредок на руските сили во Украина; технолошките и воените капацитети на Украина.

Резервистите

Случај на заробен руски војник во Украина, кој бил во униформа само 12 дена, се појави на бирото на аналитичарите. Приказната ја илустрира тешкотијата на Москва во регрутирањето војници од она што до неодамна се сметаше за ‘резервоар’ на патриоти и платеници кои се подготвени да се борат за Русија за плата.

Првите знаци на недостиг на персонал беа забележани уште на 8 декември минатата година, кога происламистичките бунтовници го соборија режимот на Башар ал-Асад, клучен сојузник на Москва, која овој пат не интервенираше. ‘Во други околности, ќе ги видевме Русите како доаѓаат на помош’, објаснува еден од изворите, ‘но Русија не можеше да си дозволи нов фронт на Блискиот Исток’.

На 13 октомври беше донесен закон со кој се дозволува распоредување на резервисти надвор од Русија – поточно во украинските региони Суми и Харков. Москва формира специјални резервни единици со забрзана обука од максимум два месеца, што често не се почитува.

Според отворените извори, Русија има сериозни тешкотии со регрутирање војници: во првиот квартал од 2025 година – 90.000 луѓе, по што бројот се намалува. Досега во 2025 година се регрутирани 292.000 цивилни резервисти. Ова е значајна промена затоа што: резервистите не треба да се користат без официјално објавување на војна; да се потпише финансиски договор со руското Министерство за одбрана, што ќе го оптовари буџетот и ќе доведе до уште поголеми трошоци.

Економија

Сè уште е рано целосно да се процени влијанието на санкциите врз енергетскиот сектор, но САД подготвуваат дополнителни мерки, вклучително и целосно исклучување на руските банки од пазарот во долари. Меѓународниот монетарен фонд предвидува раст на Русија од само 0,6 проценти, во споредба со 4 отсто во 2024 година.

Цената на војната се проценува на 150 милијарди долари, финансирани главно од приходите од нафта и гас. Сепак, Русија се соочува со инфлација од повеќе од 10 отсто и каматни стапки од 17 отсто – ‘неодржлива комбинација на краток рок’, според економските аналитичари. Тие предупредуваат дека Москва ќе плати висока цена во 2026-2027 година.

Освојувања на терен

Путин, според американските претставници, сè уште верува дека може да ја добие војната на бојното поле. Првично, неговата цел беше да го собори Зеленски и да воспостави проруска влада; сега главната цел е контрола на Донбас и пристап до Црното Море до Одеса.

Но, реалноста покажува поинаку – Русија губи оклопни возила и опрема ‘во непропорционално големи количини’ во споредба со нејзините мали територијални придобивки. Неодамна, руските тенкови се заглавија во каллива гранична област, а Украинците уништија 16 возила. И покрај некои успеси во близина на Покровск и Мирноград, украинската воздушна одбрана останува ефикасна.

Разузнавачките служби проценуваат дека Русија вложува ‘огромни напори – во човечка сила, опрема и артилерија – без соодветни резултати’, што ја прави нејзината позиција неодржлива на среден и долг рок.

Воена технологија

Москва ги подобри и модернизираше иранските беспилотни летала Шахед (наречени Геран-2 од Русите) и користи хиперсонични ракети, поддржани од кинеската технологија. Сепак, Украина постигнува поголем напредок.

Киев сега произведува свои високотехнолошки беспилотни летала, удвојувајќи го својот производствен капацитет од 1,5 милиони на 3 милиони. Исто така, во употреба се нови ракети Фламинго, претставени на 18 август, со дострел од 3.000 км, тежина од 1.150 кг и точност на GPS водење од 14 метри.

Тие сè уште се тестираат и имаат недостатоци (тие се ранливи на радари и преносливи ракети), но претставуваат значаен чекор напред.

Заклучок

Американските лидери добиваат разузнавачки брифинзи секојдневно. Претседателот одлучува како да ги користи овие податоци и колку да им верува при донесувањето политички одлуки. Но, според поранешниот директор на Одделот Русија-Евроазија во Стејт департментот, Џон Вилијамс, политичарите можат да имаат ‘искривен поглед на реалноста’, што може да доведе до погрешни пресметки“, пишува „Ла Стампа“.

Најнови вести од: Свет

Орбан: Украина е непријател на Унгарија, бараше да не добиваме руски енергетски резерви

„Додека Украина го прави ова, нашиот непријател ги крши нашите основни интереси“, рече Орбан и истакна дека, доколку не беа руската нафта и гас, Унгарија ќе мораше да плаќа неколку пати повисоки цени од сегашните“

Македонското знаме се развеа на ЗОИ 26 во Италија: оптимизам во МОК и меѓу нашите олимпијци за добри резултати од настапите (Видео)

Четворица спортисти ја претставуваат Република Македонија на Зимските олимписки игри 2026 во Италија. Јана Атанасовска е најмладата македонска натпреварувачка и рекордерка во алпско скијање. Ставре Јада е најискусен член на македонскиот олимписки тим, кому ова му е трето учество на Зимски олимписки игри, по настапите на Олимпијадата во 2018 година во Пјонг Чанг, во Јужна Кореја, и на Олимпијадата во 2022 година во Пекинг, во Кина. По настапот на претходната Олимпијада во Пекинг Ана Цветановска повторно ќе ја претставува Македонија во истите нордиски дисциплини. Четвртиот наш натпреварувач е Виктор Петков, кој последен влезе во државниот олимписки тим. Честа да го носат македонското државно знаме на вчерашната официјалната церемонија на отворањето на ЗОИ 2026 ја имаа Атанасовска и Јада.

80-годишен Италијанец под сомнение за учество во „снајперски туризам“ во Сараево

Покренувањето на истрагата во ноември 2025 година предизвика реакции кај преживеаните од опсадата и нивните семејства, кои изразија надеж дека ќе се утврдат одговорностите и ќе се изведат пред правдата лицата вклучени во овие наводни злосторства, дури и по три децении.

To top