Свет

Лавров: Русија ќе тестира нуклеарно оружје само ако САД или други го сторат тоа

Во интервју за руски медиуми, шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека Москва ќе спроведе нуклеарни тестови доколку и другите нуклеарни сили започнат со вакви проби, нагласувајќи дека Русија не планира да ги иницира тие.

facebook.com/MIDRussia

Во интервју за руски медиуми, шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека Москва ќе спроведе нуклеарни тестови доколку и другите нуклеарни сили започнат со вакви проби, нагласувајќи дека Русија не планира да ги иницира тие. Тој додаде дека руската страна е отворена за дијалог со Вашингтон околу загриженоста за „сомнителните подземни активности“ што ги споменуваат Американците.

Лавров изрази загриженост од американските изјави кои укажуваат на можноста нуклеарните тестови да се користат за геополитички цели, предупредувајќи дека САД ризикуваат да се оддалечат од принципот на недозволивост на нуклеарна војна. Русија претходно предложи едногодишно продолжување на ограничувањата од Договорот за стратешко офанзивно оружје (НОВО), при што, според Москва, одлуката може да се донесе во секое време до 5 февруари 2026 година, кога истекува договорот. За продолжувањето не се потребни дополнителни консултации, туку само согласност од Вашингтон.

Лавров се осврна и на комуникациите меѓу Москва и Вашингтон, потсетувајќи на договорот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп за состанок во Будимпешта. „Руската страна е подготвена да разговара со САД за продолжување на подготовките за состанокот меѓу Путин и Трамп, доколку и кога нашите американски партнери ќе го презентираат својот предлог“, истакна тој, потврдувајќи го посветеноста на дијалогот.

Најнови вести од: Свет

Нафтата во Дубаи скокна до небо – се искачи на рекордни 166 долари за барел

Иако глобалното референтно ниво на цените на нафтата растеше побавно отколку во Дубаи или Оман, сепак претрпе силен шок. Од почетокот на војната до среда, цената на нафтата Брент за мај се зголеми за повеќе од 48%. Од почетокот на годината до денес, растот е повеќе од 76%.

Почина Чак Норис на 86 години, откако итно бил хоспитализиран во Хаваи

Американскиот актер познат по своите боречки улоги и шегите за неговата моќ кои беа бесконечни, почина на 86-годишна возраст, потврди семејството: „Со тешко срце нашето семејство ја споделува веста за ненадејното починување на нашиот сакан Чак Норис“.

Нетанјаху вчера тврдеше дека „Исус Христос нема предност над Џингис-кан“ а денес се правда дека „немал намера да го навреди Исус Христос“!

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека „немал намера да го навреди Исус Христос“ во своето телевизиско обраќање, откако неговите зборови за војната со Иран предизвикаа негативни реакции во јавноста.  Во говорот одржан синоќа, Нетанјаху посочи дека „историјата покажува дека Исус Христос нема предност над Џингис-кан, бидејќи ако сте доволно силни, немилосрдни и моќни, злото може да го надвладее доброто“. Тој нагласи дека станува збор за толкување на историчарот Вил Дјурент, а не за негов личен став.

ЕУ: Војната во Иран не е наша, за Украина нема 90 милијарди евра помош

Две војни на прагот на Европа го засенија вчерашниот 12-часовниот самит на лидерите на Европската Унија, но наместо да преземат конкретни чекори, тие останаа парализирани, неспособни да направат какво било значајно влијание врз кој било од конфликтите

To top