Свет

Лондон преговара за „амбициозен пакет мерки“ со ЕУ

Министерката за финансии, Рејчел Ривс, уште во март изјави дека Лондон е подготвен да се усогласи со голем дел од деловните правила на ЕУ, со цел намалување на трговските бариери.

Портпаролот на британската Влада потврди дека Лондон преговара за „амбициозен пакет мерки“ со Европската унија, кој меѓу другото ќе вклучува и санитарен и фитосанитарен договор за трговија со храна и пијалаци.

Владата на Велика Британија официјално и́ поднела предлог на ЕУ за создавање единствен пазар за стоки, но Брисел ја отфрлил оваа идеја, пренесуваат британските медиуми.

Според „Гардијан“, Европската унија наместо тоа предложила Велика Британија да се приклучи кон царинската унија или да прифати подлабоко економско усогласување преку Европскиот економски простор. Ова, според анализите, би го принудило премиерот Кир Стармер да го повлече своето досегашно цврсто противење на слободното движење на работници.

Сепак, британските претставници уверуваат дека ЕУ не го отфрлила дефинитивно предлогот за единствен пазар на стоки и дека прашањето останува отворено за дискусија на планираниот билатерален самит во јули.

Владата на Стармер во последно време сè поотворено зборува за сериозните економски последици од Брегзит. Министерката за финансии, Рејчел Ривс, уште во март изјави дека Лондон е подготвен да се усогласи со голем дел од деловните правила на ЕУ, со цел намалување на трговските бариери.

Најнови вести од: Свет

Расте цената на енергијата, компаниите го губат оптимизмот – Нов економски притисок врз Европа

Економијата на еврозоната продолжува да расте, но со забавено темпо, додека повисоките трошоци за енергија и финансирање создаваат дополнителен притисок врз компаниите и потрошувачката. 

Чувајте дома храна за 3 дена, заедно со ќебиња, готовина, батериска ламба…

Кампањата „Биди подготвен“ (Be Ready) ги поттикнува граѓаните да направат залихи што ќе им овозможат да преживеат 72 часа без пристап до стандардните услуги и комунални добра, а иницијативата е покрената како одговор на растечката загриженост на властите во врска со последиците од климатската криза, зависноста од технологијата и заканите од непријателски настроени држави

To top