Свет

Лорд Рикетс до Трамп: НАТО не е за секоја војна што САД ја започнува

Американскиот претседател Доналд Трамп остро ги критикуваше членките на НАТО откако повеќето од нив одбија да се приклучат на предложената поморска коалиција за обезбедување на слободниот проток низ Ормутскиот теснец – стратешкиот теснец низ кој пред ескалацијата на конфликтот минуваше околу 20 отсто од светската нафта.

parliament.uk

Американскиот претседател Доналд Трамп остро ги критикуваше членките на НАТО откако повеќето од нив одбија да се приклучат на предложената поморска коалиција за обезбедување на слободниот проток низ Ормутскиот теснец – стратешкиот теснец низ кој пред ескалацијата на конфликтот минуваше околу 20 отсто од светската нафта.

Говорејќи од Овалната соба, Трамп изјави дека сојузниците направиле „глупа грешка“ со одбивањето да испратат бродови за разминирање и патролирање во Персискиот Залив.

Тој нагласи дека американската поддршка не му е неопходна, но дека нивното одбивање е неправедно и покажува недостиг на солидарност во Алијансата.

„Тие не сакаат да се вклучат во конфликтот. Јасно е дека не сакаат да ризикуваат свои бродови. Но, ако ние ги штитиме нив, тогаш треба и тие да ни возвратат“, рече Трамп.

На овие обвинувања реагира поранешниот британски дипломат и некогашен постојан претставник при НАТО, лорд Питер Рикетс, кој во интервју за Би-Би-Си оцени дека Трамп „целосно погрешно ја разбира суштината на Алијансата“.

„НАТО е одбранбен сојуз. Ова е војна што САД сами ја избраа и за која не ги консултираа сојузниците. Никогаш не било договорено членките да ја следат Америка во секој конфликт што таа ќе го започне“, истакна Рикетс.

Тој додаде дека пораката на Трамп е дека поддршката треба да биде двонасочна – доколку САД ги штитат европските сојузници од потенцијални закани, тогаш очекуваат и тие да се ангажираат во други региони.

Според Рикетс, ова е „повик за будење“ за Европа, која мора да ја зајакне меѓусебната соработка и да гради посамостојна безбедносна и одбранбена политика.

Одбивањето на сојузниците да се вклучат во коалицијата за Ормутскиот теснец доаѓа во време на интензивни тензии во Персискиот Залив, каде што американските и израелските сили продолжуваат со операции против иранските цели, а ризикот од блокада или минирање на теснецот останува висок.

Најнови вести од: Свет

Би-Би-СИ: Трамп оствари делумна победа, но по која цена

Многу американски цели остануваат сомнителни, како што е судбината на иранскиот збогатен ураниум. Иран, исто така, продолжува да има влијание врз регионалните сојузници, како што се бунтовниците Хути во Јемен. Дури и ако Техеран целосно го отвори Ормускиот теснец, неговата способност да ја контролира таа клучна точка сега е појасна од кога било.

To top