Свет

Лукашенко на Трамп: Сакате 1.500-2.000 бандити, земете ги

Реакцијата доаѓа по телефонскиот разговор во кој Трамп повика на ослободување на 1.300 политички затвореници во Белорусија

Белорускиот претседател Александар Лукашенко одбива да ослободи 1.300 политички затвореници и наместо тоа му ги понуди на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Сакате 1.500-2.000? Земете ги. Дали очекувате да ослободиме бандити кои паллеа пожари, разнесуваа и го признаа тоа? Да се ​​борат повторно против нас? 

Јавноста нема да ме поддржи“, рече Лукашенко. пренесува RBC Ukraine 

Реакцијата на Лукашенко, кој очигледно нема намера да ослободува политички затвореници, доаѓа по неодамнешниот телефонски разговор во кој Трамп повика на ослободување на 1.300 политички затвореници во Белорусија.

Разговорот се случил на 15 август, пред средбата на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска.

Според Трамп, Лукашенко наводно ветил дека ќе ослободи 1.300 политички затвореници.

 

Најнови вести од: Свет

Иран се закани дека ќе ја уништи енергетската инфраструктура на Блискиот Исток ако САД ги нападне електраните

Иран им дозволи на некои пријателски земји, вклучувајќи ги Кина, Индија, Пакистан, да обезбедат безбеден премин на своите бродови низ теснецот, но ефикасно го затвори за други со напаѓање бродови и наводно поставување мини.

Ирански ракетни напади врз јужен Израел, мртви, повредени, урнати објекти – Нетанјаху: Претрпевме многу тешка вечер! (Видео)

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел поминал низ „многу тешка вечер“ по иранските ракетни напади врз јужните градови Арад и Димона. Има има жртви, десетици повредени и значителна материјална штета. Според официјалните информации, во нападот врз Арад загинале најмалку пет лица, а повеќе од 100 се повредени. Забележани се сериозни оштетувања на објекти. На неколку локации избувнале пожари. Во Димона има десетици повредени.

(Фото): Иран објави мапа на цели: „Напад врз нашата енергетска мрежа ќе го потоне регионот во темнина“

Предупредувањето е одговор на заканата на американскиот претседател дека ќе ги погоди иранските електрани доколку во рок од 48 часа целосно не се отвори Ормускиот Теснец. Постројките за десалинизација, кои Иран се заканува дека ќе ги нападне, се клучна инфраструктура за земјите во Персискиот Залив кои во голема мера се зависни од десалинизација – процес на претворање на морската вода во вода за пиење.

Трамп со закана кон Иран: Ако за 48 часа не го отворите Ормутскиот теснец, ќе ви ги уништиме електраните

Претседателот Доналд Трамп се закани дека ќе ги нападне иранските електрани ако државата брзо не го отвори Ормускиот Теснец за комерцијален бродски сообраќај. Преминот на танкерите со нафта и гас беше парализиран пред три недели.

Цената на златото и среброто во слободен пад, на што се должи тоа?!

Цената на златото вчера се намали за 2 проценти и достигна околу 4.570 долари за унца, со што е на пат да го достигне најголемиот неделен пад од 1983 година. Ова се случи откако ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток ги зголеми цените на енергијата нагло и ги поткопа надежите за краткорочно намалување на каматните стапки, објави Трејдинг економикс.

To top