Според првичните наоди, е дека жената била убиена од нејзиниот сопруг, Назиф Муслија, кој е во бегство и по кого полицијата интензивно трага, пренесуваат италијанските медиуми.
Околностите околу откривањето на телото само го засилија сомнежот. Вратата на домот била отклучена, со клучеви оставени во бравата, знак дека сторителот побрзал да избега. Алармот бил подигнат од нејзиниот работодавач, кој ја чекал на работа, а не можел да ја добие на телефон.
Кога карабинерите влегле во станот, ја нашле Саџиде на креветот, во локва крв, со целосно изобличено лице. Дежурниот судија, истражната единица од Анкона и крим-техника веднаш го обезбедиле местото на злосторството.
Истрагата брзо откри дека ова убиство не било изолиран чин, туку епилог на семејно насилство кое траело најмалку две години. Саџиде повеќепати пријавувала физичко и психолошко малтретирање, со сè потешки епизоди.
Најдраматичниот инцидент се случил на 12 април годинава, кога нејзиниот сопруг, убеден дека го изневерува, ја скршил вратата од спалната со секира. Жената бегала кај соседите, а само брзата интервенција на карабинерите спречила уште поголема трагедија.
Назиф бил уапсен и притворен, но во јули добил спогодба за признавање вина и бил ослободен. По извесен период на разделба, двојката повторно се вратила да живее заедно, во истиот дом каде што Саџиде беше најдена мртва.
Истрагата продолжува, а истражителите работат на реконструкција на последните часови од животот на Саџиде, вклучувајќи ја и временската линија на нападот кој се верува дека се случил меѓу вечерните и раните утрински часови.