Свет

Макрон бара состанок на Г7: Ќе се бара решение за растот на цените на горивата

Целта е зајакнување на соработката меѓу земјите од Г7

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција во следните недели ќе организира состанок на Групата седум (Г7) посветен на енергетските прашања. Поводот е растот на цените на горивата поради воениот конфликт меѓу САД и Иран.

„Во следните недели ќе имаме состанок на Г7 посветен на енергетските прашања, со цел да ја зајакнеме соработката и да избегнеме непотребни тензии меѓу земјите од Г7 и нашите главни партнери“, изјави Макрон, пренесува „Монд“.

Тој додаде дека состанокот ќе биде можност да се разгледаат опциите за евентуално ослободување или ставање во функција на стратешките резерви на енергенси.

Макрон ова го соопшти по состанокот со кандидати за претседател и лидери на политички партии, во пресрет на изборите во Франција што треба да се одржат следната пролет.

Цената на суровата нафта овој месец порасна за околу 20 отсто, додека САД и Иран продолжуваат да се наоѓаат во конфликт. Во исто време, Саудиска Арабија беше принудена да го прекине работењето на важен нафтовод поради напади на јеменските Хути.

Француската влада, соочена со влошување на економската состојба и растечко незадоволство поради зголемените животни трошоци, се обидува да ги ублажи последиците од растот на цените.

„Тоа не е резултат на одлуки на владата. Тоа е последица на геополитичката ситуација“, рече Макрон.

Тој најави дека постојните мерки за поддршка ќе бидат преиспитани и прилагодени, со цел да им се обезбеди дополнителна помош на граѓаните.

Макрон истакна дека пред да се донесат одлуки за големи јавни издвојувања, првенствено треба да се решаваат причините за проблемот. Тој предупреди дека дополнителното трошење може да доведе до зголемување на буџетскиот дефицит или до повисоки даноци.

Најнови вести од: Свет

Ле Пен: Урсула Лаен ја изгуби довербата на европските влади, во прашање е нејзиниот опстанок на чело на ЕУ!

Марин Ле Пен, една од водечките личности на француската партија Национално собирање и кандидатка за претседател на Франција, изјави дека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен, повеќе нема доверба кај многу влади на земјите-членки на Европската унија. Според Ле Пен, со тоа се доведува во прашање политичкиот опстанок на Лаен на чело на извршната власт на ЕУ.

Украинец, засега, единствен обвинет за подметнатите експлозии

Германските обвинители тврдат дека делата за кои се товари Серхиј К. – имено, напади врз цивилни цели и предизвикување експлозии што уништиле инфраструктурни објекти и го попречиле функционирањето на јавните услуги – би можеле да се класифицираат како воени злосторства

To top