Свет

Мексико го тужи ГУГЛ за прекрствувањето на Мексиканскиот Залив

Ова вчера го соопшти мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум по промената на името на „Мексиканскиот Залив“ во „Американскиот Залив“ на услугата „Google maps“. Во февруари, Google го промени името на Заливот во американски за американските корисници откако американската влада еднострано го преименуваше Заливот. За корисниците надвор од САД ќе бидат достапни двете имиња. Американскиот претседател Доналд […]

Ова вчера го соопшти мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум по промената на името на „Мексиканскиот Залив“ во „Американскиот Залив“ на услугата „Google maps“.

Во февруари, Google го промени името на Заливот во американски за американските корисници откако американската влада еднострано го преименуваше Заливот.

За корисниците надвор од САД ќе бидат достапни двете имиња.

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди преименување на заливите на јужниот брег на САД и источниот брег на Мексико иако сегашното име за заливот на јужниот брег на САД се користи уште од 16 век.

Американските држави Тексас, Луизијана, Мисисипи, Алабама и Флорида, како и Мексико и Куба, имаат пристап до Заливот. Според наредбата на Трамп, промената на името се однесува на областа до поморските граници на Мексико и Куба.

По барање на Трамп ќе биде „прекрстен“ Мексиканскиот Залив

Најнови вести од: Свет

На повеќе од 27 илјади лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола!

Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија лани во октомври, на над 27.000 лица им бил одбиен влезот во блокот, соопшти денеска Европската комисија. Меѓу лицата на кои им е забранет влезот, околу 700 претставувале директна закана за безбедноста.

Печатите во пасошите одат во историја: ЕУ од денеска воведува дигитална евиденција за влез и излез

Иако EES е замислен како модернизација на граничниот систем, првите денови покажуваат дека транзицијата нема да помине без нервоза, подолги чекања и потреба од прилагодување.

To top