Свет

Москва: Украина да се повлече од анектираните руски области

Русија постави строги услови за прекин на огнот во Украина, вклучувајќи повлекување на украинските сили од окупираните територии и откажување од финансиски побарувања., објави агенцијата Блумберг. Според информациите, руската делегација, предводена од Владимир Медински, ја повикала Украина да прифати трајна неутралност, што исклучува присуство на странски трупи и оружје за масовно уништување на нејзина територија. […]

Русија постави строги услови за прекин на огнот во Украина, вклучувајќи повлекување на украинските сили од окупираните територии и откажување од финансиски побарувања., објави агенцијата Блумберг.

Според информациите, руската делегација, предводена од Владимир Медински, ја повикала Украина да прифати трајна неутралност, што исклучува присуство на странски трупи и оружје за масовно уништување на нејзина територија.

Москва, исто така, побара од Киев да се откаже од какви било идни барања за воени репарации, како и да го признае анектираниот Крим и другите руски анектирани региони Донецк, Луганск, Херсон и Запорожје како дел од Руската Федерација.

Руската страна очекува украинската армија целосно да се повлече од овие области. Според „Блумберг“, сите овие барања се во остра спротивност со официјалниот став на Соединетите Американски Држави.

Европските дипломати, цитирани од изданието, коментираат дека се разочарани и изненадени од недостатокот на категорична реакција од страна на американскиот претседател Доналд Трамп,

подвлекувајќи дека Москва покажува недостаток на сериозност кон преговарачкиот процес.

Иако не беше постигнат никаков пробив во врска со прекинот на огнот, разговорите во Истанбул беа првите директни разговори меѓу Русија и Украина од пролетта 2022 година. Единствениот конкретен договор постигнат за претстојната масовна размена на воени заробеници – 1.000 за 1.000 – е хуманитарна мерка што двете страни ја сметаат за важна.

Најнови вести од: Свет

Футуристички пиштол без звук и чад: Кина ја откри новата електромагнетна технологија

Кина официјално го претстави компактното електромагнетно оружје во облик на пиштол, кое е способно да ги онеспособи целите без смртоносна сила кога е потребно, или да ослободи значително поголема моќност доколку ситуацијата го бара тоа.

Светско предупредување: Војната ја турка инфлацијата кон 7%?!

Шефицата на ММФ се осврна и на фискалната политика, предупредувајќи дека владите мора да бидат внимателни да не ја комплицираат дополнително работата на централните банки со своите потези. Претставниците на ММФ, рече таа, веќе работат со поединечни влади на пакети за фискална поддршка кои треба да бидат привремени и јасно временски ограничени.

Најнови вести

To top