Свет

На Германија ѝ требаат 260.000 војници

На Германија ќе ѝ бидат потребни околу 260.000 активни војници за да ги задоволи растечките одбранбени потреби на НАТО, предупреди Андре Вустнер, претседател на Здружението Бундесвер, влијателна лоби група која се залага за подобра опрема, персонал и услови за работа во германските вооружени сили, објави Политико. Тоа е нагло зголемување од официјалната цел на владата […]

На Германија ќе ѝ бидат потребни околу 260.000 активни војници за да ги задоволи растечките одбранбени потреби на НАТО, предупреди Андре Вустнер, претседател на Здружението Бундесвер, влијателна лоби група која се залага за подобра опрема, персонал и услови за работа во германските вооружени сили, објави Политико.

Тоа е нагло зголемување од официјалната цел на владата од 203.000 војници.

Таа цел првпат беше поставена во 2016 година – долго пред целосната инвазија на Русија во Украина и обновениот фокус на НАТО врз одбранбените капацитети. Оттогаш, Бундесверот се бори да расте. Моментално има околу 181.500 војници.

„Бројката од 203.000 е застарена и повеќе не е реална“, рече Вустнер.

Најнови вести од: Свет

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна перспектива за ЕУ

Хрватска ќе продолжи да ја поддржува Македонија на нејзиниот пат кон членството во Европската Унија. Веруваме дека земјата заслужува јасна ЕУ-перспектива, порача хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по синоќешната средба со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во Брисел. Пленковиќ на својот налог на „Икс“ објави дека со Мицкоски размениле мислења за актуелните глобални случувања. „Мило ми […]

Трамп се закани дека ќе „разнесе“ иранско гасно поле, Иран најави одмазда врз постројките на соседите

Како резултат на заканите по енергетската инфраструктура на Блискиот Исток, цените на нафтата на светските пазари вчера повторно скокнаа, достигнувајќи 110 американски долари за барел

ЕНП бара итно сослушување на Марта Кос за соработката со југословенските тајни служби

Европската народна партија (ЕНП) побара вонреден состанок на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) за да ја сослуша комесарката за проширување и соседска политика, Марта Кос.

To top