Свет

На Украина ќе ѝ требаат 120 милијарди долари за војната догодина

Годинава еден ден војна чинел 172 милиони долари, во споредба со 140 милиони долари лани

На Украина ќе ѝ бидат потребни најмалку 120 милијарди долари за одбрана во 2026 година, кога војната со Русија ќе влезе петта година, изјави денеска украинскиот министер за одбрана Денис Шмихал.

Шмихал рече дека финансирањето е клучно за обезбедување на линија на одбрана, производство на повеќе беспилотни летала и друго оружје, заштита на небото и одбивање на понатамошна руска агресија. „Воената економија покажува дека ако трошиме помалку пари од Русија, тогаш почнуваме да си играме со нашата територија и, што е најважно, со нашите животи“, рече Шмихал на годишната конференција во Киев.

Трошоците за одбрана на Украина се зголемија по руската инвазија во февруари 2022 година, а земјата сега троши повеќе од 31 процент од својот БДП за војската. Овогодишниот државен буџет предвидува најмалку 63 милијарди долари трошоци за одбрана, со оружје од западните сојузници.

„За да продолжиме да се бориме, ни требаат пари“

Роксолана Пидласа, шеф на парламентарната буџетска комисија, рече дека трошоците за војната продолжуваат да растат.

Таа рече дека во 2025 година, еден ден војна чинел 172 милиони долари, во споредба со 140 милиони долари во 2024 година.

Тоа ги вклучува платите на војниците, оружјето и исплатите на ранетите или убиените на бојното поле. „Значи, треба да ги собереме сите потребни средства, сите потребни пари“, рече таа.

Иако не беа дадени детали за понатамошни извори на приходи, украинските владини претставници се обратија до сојузниците за да најдат начини да му помогнат на Киев со замрзнатите руски средства.

Дипломатските напори за завршување на војната досега не дадоа плод.

Најнови вести од: Свет

Речиси половина од Германците се за укинување на помошта за Украина

Дури 49 отсто, сакаат да се намали или целосно да се укине помошта за Украина, покажуваат резултатите од анкетата што денеска ги објави агенцијата за истражување на јавното мислење „Југов“, спроведена за германскиот неделник „Велт ам Зонтаг“

Трамп објави кои му се пријатели!

Истовремено објави две фотографии — на едната се прикажани Јосиф Сталин, Френклин Делано Рузвелт и Винстон Черчил како седат на веранда, а на другата се Путин, Си и Трамп како позираат стоејќи — и пропратен со натписот: „Големите сили — 1945, 2026“

Aмериканските технолошки акции потонаа – најлоша недела од кризата со Kовид-19

Инвеститорите повеќе не предвидуваат целосно зголемување од четвртина поен на состанокот на Федералните резерви во декември, неколку дена откако гувернерот Кристофер Волер шпекулираше дека централната банка би можела да испорача џамбо зголемување од 0,5 процентни поени.

To top