Свет

Најголемиот американски воен брод, авиони, дронови и маринци се распоредуваат околу Венецуела

Американската војска веќе два месеца испраќа воени бродови, борбени авиони, бомбардери, маринци, беспилотни летала и шпионски авиони во Карипското море

Американската војска веќе два месеца испраќа воени бродови, борбени авиони, бомбардери, маринци, беспилотни летала и шпионски авиони во Карипското море, што е најголемото распоредување на сили во регионот во последните децении. Бомбардерите со долг дострел Б-52 извршија демонстративни напади покрај брегот на Венецуела, претседателот Трамп го одобри распоредувањето на ЦИА, а кон Карибите е испратен и носачот на авиони и најголемиот воен брод во светот „УСС Џералд Форд“, наведува Би-Би-Си во освртот за случувањата во регионот.

САД тврдат дека распоредувањето на воените сили е за да се спречат венецуелски бродови и „наркотерористите“ кои превезуваат наркотици. Доналд Трамп вели дека ова е војна против трговците со дрога, наведувајќи дека еден од нападнатите бродови бил натоварен со фентанил. Но, фентанилот првенствено се произведува во Мексико, а не во Јужна Америка.

Нападите врз малите венецуелски бродови предизвикаа осуда во регионот, а експертите ја доведоа во прашање нивната легалност. Иако Вашингтон ја претставува операцијата како војна против трговијата со дрога, сите индиции се дека станува збор за кампања на заплашување насочена кон соборување од власт на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

– Ова е заради промена на режимот. Веројатно нема да нападнат, сите се надеваат дека станува збор само за заплашување, вели Кристофер Сабатини, виш соработник за Латинска Америка во тинк-тенкот Чатам Хаус.

Тој верува дека военото засилување е демонстрација на сила со намера да „внесе страв“ во венецуелската војска и кај внатрешниот круг на Мадуро за да се свртат против него.

Иако Министерството за правда на САД го обвини Мадуро за водење на наркотерористичка организација од 2020 година, што тој го негира, извештајот на ДЕА од 2025 година покажа дека 84 проценти од запленетиот кокаин во САД доаѓа од Колумбија, без да се спомене Венецуела. Исто така, Карибите не се главна поморска рута за шверц на дрога во споредба со Пацификот.

Би-Би-Си наведува дека, според јавно достапните податоци, добиени од сателитски снимки и објави на социјалните медиуми, од 23 октомври, идентификувани се 10 американски воени бродови во регионот.

Воените аналитичари сметаат дека за спречување на дрога не е потребна толку голема воена сила. Покрај воени бродови, заблежани се и напредни борбени авиони F-35, беспилотни летала MQ-9 Reaper, бомбардери B-52 и B-1, шпионски авиони P-8 Poseidon, како и хеликоптери, објавуава Би-Би-Си.

Најнови вести од: Свет

Ирански ракетни напади врз јужен Израел, мртви, повредени, урнати објекти – Нетанјаху: Претрпевме многу тешка вечер! (Видео)

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел поминал низ „многу тешка вечер“ по иранските ракетни напади врз јужните градови Арад и Димона. Има има жртви, десетици повредени и значителна материјална штета. Според официјалните информации, во нападот врз Арад загинале најмалку пет лица, а повеќе од 100 се повредени. Забележани се сериозни оштетувања на објекти. На неколку локации избувнале пожари. Во Димона има десетици повредени.

(Фото): Иран објави мапа на цели: „Напад врз нашата енергетска мрежа ќе го потоне регионот во темнина“

Предупредувањето е одговор на заканата на американскиот претседател дека ќе ги погоди иранските електрани доколку во рок од 48 часа целосно не се отвори Ормускиот Теснец. Постројките за десалинизација, кои Иран се заканува дека ќе ги нападне, се клучна инфраструктура за земјите во Персискиот Залив кои во голема мера се зависни од десалинизација – процес на претворање на морската вода во вода за пиење.

Трамп со закана кон Иран: Ако за 48 часа не го отворите Ормутскиот теснец, ќе ви ги уништиме електраните

Претседателот Доналд Трамп се закани дека ќе ги нападне иранските електрани ако државата брзо не го отвори Ормускиот Теснец за комерцијален бродски сообраќај. Преминот на танкерите со нафта и гас беше парализиран пред три недели.

Цената на златото и среброто во слободен пад, на што се должи тоа?!

Цената на златото вчера се намали за 2 проценти и достигна околу 4.570 долари за унца, со што е на пат да го достигне најголемиот неделен пад од 1983 година. Ова се случи откако ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток ги зголеми цените на енергијата нагло и ги поткопа надежите за краткорочно намалување на каматните стапки, објави Трејдинг економикс.

Техеран вели дека џабе се олабавени санкции од САД

Аналитичарите велат дека таквите потези ќе имаат мало влијание врз цените сè додека Ормускиот теснец, клучен канал за околу 20 проценти од светската нафта и течен природен гас, останува затворен. Бесант рече дека привременото укинување на санкциите треба да помогне во ублажување на порастот на цените на нафтата, кои скокнаа за околу 50 проценти на над 100 долари за барел, највисоко од 2022 година, додека САД се подготвуваат за среднорочните избори во ноември.

Привремено укинување на санкции за иранската нафта – САД попушта

Иако мерката е временска и ограничена, таа претставува јасен сигнал дека Вашингтон е подготвен на прагматични отстапки на енергетски план, дури и кон држави под санкции, доколку тоа значи стабилизација на глобалниот пазар и заштита од нов ценовен шок. 

Најнови вести

To top