Свет

Најмалку 60 загинати во пожар во трговски центар во Ирак

Причината за избувнувањето на пожарот сè уште не е позната

Најмалку 60 лица загинаа во пожар во хипермаркет во градот Ал-Кут, на истокот на Ирак, додека 11 лица се водат како исчезнати, соопштија локалните здравствени власти.

„Идентификувавме 59 тела, а едно тело има толку многу изгореници што не е можно да се идентификува. Сè уште има многу тела под урнатините“, изјави градскиот службеник Али ал-Мајахи за Ројтерс.

Причината за избувнувањето на пожарот сè уште не е позната, но гувернерот на покраината Васит, во која се наоѓа градот Ал-Кут, изјави дека прелиминарните резултати од истрагата ќе бидат објавени во рок од 48 часа.

„Покренавме тужби против сопствениците на зградата и трговскиот центар“, изјави гувернерот на покраината Васит.

Најнови вести од: Свет

Ранет на самиот почеток, ловен до денес: Новиот лидер на Иран е жив, но невидлив

Новиот врховен водач на Иран, Моџтаба Хамнеи, е ранет, се крие и сè уште не изговорил ниту збор јавно, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на информации од три ирански функционери и израелски разузнавачки извори.

Високиот ирански безбедносен функционер Лариџани му се закани на Трамп: Внимавајте да не бидете елиминиран!

Високиот ирански безбедносен функционер Али Лариџани упати остра порака до американскиот претседател Доналд Трамп, реагирајќи на неговите закани поврзани со можноста за блокирање на Ормускиот теснец.

Најнови вести

To top