Свет

Не една, туку пет милијарди отштета ќе бара Трамп од Би-Би Си

Адвокатите на Трамп првично поставија рок до петок за Би-Би-Си да го повлече монтираниот документарец или да се соочи со тужба за „не помалку од“ 1 милијарда долари

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека веројатно ќе ја тужи Би-Би-Си следната недела за дури 5 милијарди долари откако британскиот радиодифузер призна дека погрешно монтирал видео од неговиот говор, но инсистираше дека нема правна основа за неговото барање, јави Ројтерс

Би-Би-Си му се извини на Трамп

Британската радиодифузна корпорација е во најголемата криза во последните децении откако двајца високи лидери поднесоа оставки по обвинувањата за пристрасност, вклучително и поради монтирањето на говорот на Трамп на 6 јануари 2021 година, кога неговите поддржувачи го нападнаа Капитол.

Адвокатите на Трамп првично поставија рок до петок за Би-Би-Си да го повлече својот документарец или да се соочи со тужба за „не помалку од“ 1 милијарда долари.

Тие, исто така, побараа извинување и надомест за она што го нарекоа „огромна штета на угледот и финансиска штета“, според писмото до кое увид има Ројтерс.

Би-Би-Си, која призна дека монтирањето на забелешките на Трамп било „грешка во проценката“, испрати лично извинување до Трамп во четвртокот, но рече дека нема повторно да го емитува документарецот и го отфрли тврдењето за клевета.

 

Најнови вести од: Свет

На повеќе од 27 илјади лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола!

Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија лани во октомври, на над 27.000 лица им бил одбиен влезот во блокот, соопшти денеска Европската комисија. Меѓу лицата на кои им е забранет влезот, околу 700 претставувале директна закана за безбедноста.

Печатите во пасошите одат во историја: ЕУ од денеска воведува дигитална евиденција за влез и излез

Иако EES е замислен како модернизација на граничниот систем, првите денови покажуваат дека транзицијата нема да помине без нервоза, подолги чекања и потреба од прилагодување.

To top