Свет

Нов земјотрес од 4,9 рихтери ја погоди Венецуела

Агенциите јавуваат дека жители на Каракас и Маракај почувствувале земјотрес со магнитуда од 4,9 рихтери.

Нов земјотрес го погоди северниот брег на Венецуела неколку дена откако два силни земјотреси срамнија со земја згради и убија речиси илјада луѓе. Агенциите јавуваат дека жители на Каракас и Маракај почувствувале земјотрес со магнитуда од 4,9 рихтери.

Владата на Венецуела ќе го ограничи пристапот до областа најтешко погодена од силните земјотреси во среда почнувајќи од петокот навечер, објави министерот за внатрешни работи Диосдадо Кабело во телевизиско обраќање.

Пристапот до северната држава Ла Гваира ќе биде ограничен, а привремената претседателка Делси Родригез ги замоли жителите да не патуваат до Ла Гваира, на околу 40 километри од Каракас, за да ги олеснат спасувачките операции.

Најнови вести од: Свет

Русија изгуби сто пати повеќе војници во Украина отколку во Авганистан

Според податоците објавени од Генералштабот на вооружените сили на Украина на 9 септември, загубите во рускиот воен персонал од почетокот на целосната инвазија врз Украина надминаа 1,5 милиони загинати и ранети

To top