Свет

Околу 2.000 севернокорејски војници загинале во конфликтот меѓу Русија и Украина

Според јужнокорејскиот пратеник Ли Сеонг Квеун, повикувајќи се на податоци од Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја, околу 2.000 севернокорејски војници загинале во конфликтот меѓу Русија и Украина.

x.com/NorthNKAAL

Според јужнокорејскиот пратеник Ли Сеонг Квеун, повикувајќи се на податоци од Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја, околу 2.000 севернокорејски војници загинале во конфликтот меѓу Русија и Украина.

„Во април беше проценето дека бројот на загинати изнесува најмалку 600, но врз основа на ажурираните податоци, сега се проценува дека бројот достигнува околу 2.000,“ изјави Ли за новинарите.

Според разузнавачките служби на Јужна Кореја и западните земји, Пјонгјанг испратил над 10.000 војници во руската област Курск во 2024 година, заедно со артилериски гранати, ракети и ракетни системи со долг дострел, како поддршка за планираната офанзива на Киев.

Ли Сеонг Квеун, опозициски пратеник од Народната партија на поранешниот претседател Јун Сук Јеол, додаде дека разузнавачката служба на Јужна Кореја проценува оти Северна Кореја планира да испрати дополнителни 6.000 војници во Русија, од кои 1.000 веќе пристигнале.

Севернокорејската новинска агенција КЦНА објави дека во петокот лидерот Ким Џонг Ун се сретнал со семејствата на загинатите војници во борбите против Украина, изразувајќи поддршка за Русија. Минатата недела, Ким одржа втора јавна церемонија во чест на загинатите војници, состанувајќи се со нивните семејства.

Пјонгјанг и Москва се поврзани со безбедносен и одбранбен договор од 2024 година. Ким Џонг Ун утре ќе присуствува на голема воена парада во Пекинг по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна, каде се очекува присуство на околу 25 странски лидери, вклучувајќи го и рускиот претседател Владимир Путин.

Ни Русија ни Украина не ги објавуваат точните бројки за распоредените војници или загубите во конфликтот. Во јуни 2024 година, рускиот претседател Владимир Путин спомна дека околу 700.000 војници се вклучени во борбите во Украина, а истата бројка во јуни 2025 година ја наведе и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Најнови вести од: Свет

Воениот комитет на НАТО бара драматично забрзување на испораката на оружје

Брзината на испорака на неопходните одбранбени капацитети мора „драматично“ да се зголеми, изјави денеска шефот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, на прес-конференција по состанокот на началниците на одбраната на земјите-членки во седиштето на Алијансата во Брисел

Куба ќе се брани ако биде нападната од САД

Куба ќе го искористи своето право на самоодбрана во случај на напад од страна на Соединетите Американски Држави (САД), објави вчера кубанското Министерство за надворешни работи, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Антикубанската кампања насочена кон оправдување, без никаква паричина, на воен напад врз Куба се интензивира секој час, со сè повеќе неубедливи обвинувања. САД се […]

To top