Свет

Орбан: Секој конфликт на НАТО со Русија значи Трета светска војна

„Порано или подоцна НАТО… ќе мора да се договори со Русија за тоа колку ќе трошиме за воени трошоци, бидејќи во спротивно небото е лимит“ вели унгарскиот премиер

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го повика НАТО да постигне договор со Русија за да се спречи нова трка во вооружување.

„Порано или подоцна НАТО… ќе мора да се договори со Русија за тоа колку ќе трошиме за воени трошоци, бидејќи во спротивно небото е граница.

Затоа мора да избегнеме трка во вооружување.

Мора да станеме посилни, но мора да избегнеме трка во вооружување.

И тоа нема да се случи ако ние, Западот, не постигнеме договор со Русија“, рече Орбан на унгарската телевизија ТВ2.

Унгарскиот премиер, исто така, рече дека „во НАТО се формира мнозинство кое верува дека секој конфликт со Русија може да нè доведе до Трета светска војна“, повторувајќи ги неговите претходни коментари што следеа по тврдењата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, дека Украина е на „неповратен“ пат кон приклучување кон алијансата.

Најнови вести од: Свет

EES системот повод за нова поделба во ЕУ

Франција, Белгија, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија побараа дополнително време за целосна примена на биометриските проверки на одредени гранични точки, особено на прометните аеродроми

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top