Свет

Ормускиот Теснец е затворен – објави Иранската Револуционерна гарда

Ормускиот Теснец е затворен и преминувањето на странски бродови низ него е забрането

Морнарицата на Корпусот на чуварите на исламската револуција (ИРГЦ) денеска повторно соопшти дека Ормускиот Теснец е затворен и дека на странските бродови им е забранет преминот низ овој стратешки важен поморски коридор.

„Ормускиот Теснец е затворен и преминувањето на странски бродови низ него е забрането“, се наведува во соопштението на Иранската револуционерна гарда.

ИРГЦ предупреди дека не може да ја гарантира безбедноста на пловидбата на бродовите што не ги почитуваат иранските прописи во теснецот, пренесе иранската новинска агенција ИРНА.

Претходно денеска, Иранската револуционерна гарда соопшти дека голем пожар го зафатил супертанкерот што превезувал повеќе од два милиона барели сурова нафта. Според иранските тврдења, танкерот налетал на морска мина додека се обидувал да помине низ Ормускиот Теснец по, како што наведува ИРГЦ, „неовластена рута“.

Во меѓувреме, „Ал Џезира“ објави дека од вчера биле погодени уште најмалку два танкера во близина на брегот на Саудиска Арабија.

Ормускиот Теснец е една од најважните светски поморски рути за транспорт на нафта. Секое ограничување на пловидбата или инцидент во ова подрачје може да има сериозни последици врз безбедноста на поморскиот сообраќај и глобалното снабдување со енергенси.

Најнови вести од: Свет

Родители во САД го тужат Гугл: „Нашата 13-годишна ќерка Ема планираше самоубиство со помош на вештачка интелигенција!“

Родители на 13-годишно девојче го тужат Гугл, тврдејќи дека нивната ќерка ја користеше технологијата за вештачка интелигенција на компанијата, преку училиштен компјутер, за да испланира самоубиство и сопствен погреб. Тужбата, поднесена во понеделникот, на 2 ноември, пред суд во Калифорнија, се смета за прв случај во кој Гугл се обвинува за невнимание во врска со функциите за пребарување базирани на вештачка интелигенција, кои се достапни на училишните уреди „Chromebook“, пишува Euronews.

To top