Свет

Падна француската Влада

Тешки денови за Макрон

Францускиот премиер Франсоа Бајру ја изгуби довербата на парламентот, по гласањето во Националното Собрание со кое неговата влада официјално падна. Од вкупниот број пратеници, 364 гласаа „за“, а 194 „против“.

Бајру најави дека утре ќе ја поднесе оставката до претседателот Емануел Макрон. До назначувањето на негов наследник, тој најверојатно ќе продолжи да ја извршува функцијата во технички мандат.

Претседателот Макрон сега се наоѓа пред неколку опции: избор на нов премиер, распишување на нови парламентарни избори или отворање можност за претседателски избори. Најризичен потег би бил нови парламентарни избори, кои според аналитичарите би можеле дополнително да ја зајакнат крајната десница предводена од Марин Ле Пен.

Политичката криза ја зафаќа Франција во момент кога земјата се бори со сериозни економски проблеми – јавниот долг надминува 113 отсто од БДП, а буџетскиот дефицит останува висок.

Најнови вести од: Свет

По острите закани кон Иран, Трамп сега вели дека постојат „добри шанси“ за постигнување договор пред истекот на ултиматумот

По острите закани што ги упати вчера и денеска до Техеран, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постојат „добри шанси“ за постигнување договор со Иран утре – денот кога истекува неговиот ултиматум за отворање на Ормуската Теснина

Трамп со нова закана до Иран: Отворете ја проклетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол

– Вторник ќе биде Ден на електраните и Ден на мостовите, сè заедно, во Иран. Нема да има ништо слично!!! Отворете ја прокелетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол – САМО ГЛЕДАЈТЕ! Слава му на Алах, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social

Помалку кондоми, кеси за ѓубре и медицински материјал – Нафтената криза се претвора во криза на сè

Притисокот сега се шири на сите делови од потрошувачкиот пазар, при што цените на материјалите како што се пластика, гума и полиестер растат. Последиците се најочигледни во Азија, која сочинува повеќе од половина од светското производство и е во голема мера зависна од увезената нафта и други суровини.

Најнови вести

To top