Свет

Пауновски: Нема паника и ниту некој се чувствува загрозено

Борче Пауновски, кој со своето семејство моментно е во Тајван, говори за беспрекорната организацијата кога станува збор за вакви природни катастрофи и елементарни непогоди

Сите жители на Тајван денеска добиле предупредување поради опасност од цунами по земјотресот со јачина од 8,7 степени што го погоди рускиот полуостров Камчатка.

Властите на населението му препорачуваат да не се излегува покрај брегот на океанот, покрај реки, на пристаништа и на бедемите кои служат за заштита од плима, струи, бранови и бури…

Борче Пауновски, кој со своето семејство моментно е во Тајван, за МИА вели дека беспрекорна е организацијата кога станува збор за вакви природни катастрофи и елементарни непогоди поради што нема паника кај населението, ниту некој се чувствува загрозено.

-Денеска во 12 часот по локално време добивме предупредувачка порака за цунами. Тајванците не оставаат ништо на случајност. Најверојатно научени да живеат со ваквите појави, будно ги следат и превенираат. Се преземаат сите мерки да се намалат последиците од појавата. Од страна на Владата на Тајтунг, каде се наоѓаме во моментов, ни е наредено да останеме во хотел и да не излегуваме додека не добиеме порака дека тоа може да го направиме. Нема паника кај локалното население, а ние како странци овде само се надеваме дека ударот нема да биде од посериозни размери. За организираноста нема што да се каже. Беспрекорно е се. Тоа веќе го видовме во неколку случаи откако доживеавме два тајфуна со обилни врнежи од дожд. Исто како и сега, по добиените пораки само професионалните тимови се на терен, вели Пауновски кој со двата сина е на самиот брег на Тајтунг, во Тихи океан (Пацифик).

Тој нагласува и дека никој од надлежните во Тајван не држи прес-конференции кога има вакви ситуации.

– Тука никој не држи прес-конференции за да покаже дека нешто работи, ниту лиферува информации и видеа како спасува луѓе од поплавени региони. Сите, без оглед на работна позиција, се на терен и се справуваат со состојбата. Така, веќе наредниот ден се е по старо. Водата е издренирана и сите патишта се проодни. Одроните и наносите заедно со паднатите дрвја комплетно расчистени. Како успеваат не ми е јасно. Количината на вода која падна за време на двата тајфуна е огромна. Сувите корита кои се огромни, сега се полни со вода, објаснува Пауновски за МИА.

Пауновски е во Тајван на фестивал на балони на топол воздух.

Земјотрес со јачина од 8,7 степени го потресе рускиот полуостров Камчатка, а издадено е предупредување за цунами за целиот Курилски остров во Сахалинската област. Според првичните податоци од Главната дирекција на руското Министерство за вонредни ситуации во Сахалинската област, земјотресот со јачина од 7,9 степени е регистриран во 10:30 часот по локално време во Тихиот Океан, 360,9 км североисточно од Северо-Курилск. Подоцна, огранокот на Камчатка на Единствената геофизичка служба на Руската академија на науките објави дека, според различни проценки, јачината достигнала 8,7. Според научниците од академијата, ова е најсилниот земјотрес на полуостровот од 1952 година. Не се пријавени жртви или повредени, но имало штета во градинка во градот Петропавловск-Камчатски.

Околните земји се на „готовс“. Јапонија, Филипини, Индонезија и САД веќе издадоа наредби за евакуации поради опасност од цунами.

Најнови вести од: Свет

Аларм: Сегашната криза со нафта е посериозна од кризите во 1973, 1979 и во 2022 година заедно

Како реакција на нападите од Израел и САД, Иран од 28 февруари речиси целосно го блокира сообраќајот во Ормускиот Теснец, низ кој нормално минуваат речиси 20 проценти од светската нафта и гас, што предизвика ненадејно зголемување на цените на енергијата.

Ужас во Истанбул: маж со месарски нож си го пресече гркланот среде бел ден, пред очите на шокираните минувачи! (Видео)

Драматичен инцидент се случи во населбата Фатих во Истанбул, кога непознат маж зграпчил месарски нож од киоск на брегот и си нанел тешки повреди, пресекувајќи го гркланот пред очите на минувачите. Мажот на пристаништето Сиркеџи викал дека е „Махди“ и си ги нанел тешки повреди пред очите на минувачите.

Спроти завршувањето на рокот Иран да го отвори Хормускиот теснец и можното негово масовно бомбардирање драматична објава на Трамп: Целата цивилизација ќе умре вечерва!

„Целата цивилизација ќе умре вечерва, за да не се врати никогаш повеќе. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи.“ – порача предмалку претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп во драматичната и невообичаена објава на својата општествена мрежа „Општествена вистина“ („Truth Social“ ). Оваа заканувачка објава американскиот претседател ја изнесе денес, пред истекот на крајниот рок до 20 часот, што им го постави на иранските лидери да ја прекинат блокадата на Хормускиот теснец и да го отворат за минување на танкери со нафта, за да, како што рече, „не им се урне врз главата пеколот“.

Трамп бара одговор што не доаѓа: Зошто Иран се уште не падна на колена?

Вечерва, кога рокот ќе истече, светот конечно ќе дознае што се случува кога на тоа прашање сѐ уште нема одговор – и дали таа тишина ќе донесе примирје, ново одлагање, привидна победа или, пак, најжестокиот удар досега.

To top