Свет

Спроти завршувањето на рокот Иран да го отвори Хормускиот теснец и можното негово масовно бомбардирање драматична објава на Трамп: Целата цивилизација ќе умре вечерва!

„Целата цивилизација ќе умре вечерва, за да не се врати никогаш повеќе. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи.“ – порача предмалку претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп во драматичната и невообичаена објава на својата општествена мрежа „Општествена вистина“ („Truth Social“ ). Оваа заканувачка објава американскиот претседател ја изнесе денес, пред истекот на крајниот рок до 20 часот, што им го постави на иранските лидери да ја прекинат блокадата на Хормускиот теснец и да го отворат за минување на танкери со нафта, за да, како што рече, „не им се урне врз главата пеколот“.

Во објавата на „Општествена вистина“ од 14 часот Трамп денеска дополнува: Сепак, сега кога имаме ЦЕЛОСНА и ТОТАЛНА ПРОМЕНА НА РЕЖИМОТ, каде што преовладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно прекрасно, КОЈ ЗНАЕ? Ќе дознаеме вечерва, во еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот. Четириесет и седум години изнудување, корупција и смрт конечно ќе завршат. Бог да го благослови големиот народ на Иран!

Трамп му се закани на Иран дека „ќе живее во пекол“, ако денес до 20 часот не се постигне договор за повторно отворање на Ормускиот теснец, клучна поморска рута низ која минува околу една петтина од светската нафта.

Во претходна објава на неговата општествена мрежа Трамп порача дека „времето истекува“, што е најнова во низата закани откако САД и Израел кон крајот на февруари започнаа напади врз Иран. Тој со невидена жестина се закани дека „ќе ги уништо сите ирански електрани и мостови, ако биде потребно“.

Техеран практично го затвори Хормускиот теснец, со што сериозно се наруши снабдувањето на глобалниот енергетски пазар.  Хормускиот теснец е една од најважните енергетски артерии во светот, а неговата блокада веќе има значително влијание врз глобалните пазари на нафта и гас.

 

Најнови вести од: Свет

Трамп на Самитот на НАТО: Примирјето со Иран е завршено

Американскиот претседател Доналд Трамп првпат се огласи по ноќешните американски воени напади врз Иран, оценувајќи дека примирјето меѓу двете земји повеќе не постои и дека САД одговориле со силна воена акција.

Кинески функционер осуден на смрт поради корупција од 324 милиони долари

Јанг во периодот од 1993 до 2023 година додека извршувал различни функции на незаконит начин се стекнал со 324 милиони долари во периодот готовина и средства додека извршувал разни владини позиции од 1993 до 2023 година

Американски инвестициски фонд ја купува авиокомпанијата „Изиџет“ за 6,4 милијарди евра

Веднаш по отворањето на Лондонската берза, акциите на easyJet пораснаа за 10,5 проценти, што го одразува оптимизмот на инвеститорите за можното склучување на еден од најголемите зделки во европската авиоиндустрија оваа година.

To top