Свет

Песков: Русија ја чека „важната изјава“ на Трамп

Ја чекаме изјавата, за да разбереме што мислел претседателот Трамп

Кремљ ја чека „важната изјава“ за Русија што ја најави американскиот претседател Доналд Трамп, бидејќи тоа е единствениот начин да дознаеме за што станува збор, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Ја чекаме изјавата, за да разбереме што мислел претседателот Трамп … Внимателно ги бележиме сите нијанси во коментарите на шефот на американската држава, наведе Песков.

Трамп вчера за „Ен-би-си њуз“ (NBC News) посочи дека в понеделник ќе даде „важна изјава“ за Русија.

Тој, на 4 јули, по телефонскиот разговор со Путин, изрази разочарување од рускиот претседател. Трамп истакна дека Путин не мисли да ја запре војната во Украина.

Најнови вести од: Свет

Романија молчешкум го усвои законот за обединување со Молдавија

Романскиот парламент ја потврдува својата приврзаност кон одредбите од Завршниот акт на Конференцијата за безбедност и соработка во Европа во Хелсинки, кој овозможува можност за промена на границите преку мирни и дипломатски средства“

Нафтата поевтинува, Трамп со жестоки критики за нафтените компании кои не ги намалуваат цените за потрошувачите

Според податоците од 23 јуни, националната просечна цена на еден галон обичен бензин изнесувала 3,926 долари, што е значително помалку во споредба со 4,529 долари колку што изнесувала пред еден месец.

To top