Свет

По петти пат – умрел по операција за зголемувење на „извесен дел“ од телото

Тајланд е една од водечките светски дестинации за козметички „зафати“

Тајландските власти започнаа истрага за клиника во Бангкок откако 43-годишниот британски претприемач и инфлуенсер Иго Убирибо почина по операција за зголемување на пенисот. Лондонски лекар минатиот месец пресуди дека смртта, која се случила на 6 март, е директен резултат на инјекција со хијалуронска киселина.

Случајот повторно го стави медицинскиот туризам во центарот на вниманието, бидејќи Тајланд е една од водечките светски дестинации за козметички процедури.

Убирибо, познат на социјалните мрежи како „Тајни и Его“, имал 185.000 следбеници на Инстаграм, каде што често споделувал фотографии од себе како живее луксузен живот со сопругата Даниел, објави „Еуроњуз“.

Министерството за здравство на Тајланд нареди истрага за смртта, а официјални лица ја посетија клиниката во центарот на Бангкок во понеделник. Indeks,hr

Најнови вести од: Свет

Родители во САД го тужат Гугл: „Нашата 13-годишна ќерка Ема планираше самоубиство со помош на вештачка интелигенција!“

Родители на 13-годишно девојче го тужат Гугл, тврдејќи дека нивната ќерка ја користеше технологијата за вештачка интелигенција на компанијата, преку училиштен компјутер, за да испланира самоубиство и сопствен погреб. Тужбата, поднесена во понеделникот, на 2 ноември, пред суд во Калифорнија, се смета за прв случај во кој Гугл се обвинува за невнимание во врска со функциите за пребарување базирани на вештачка интелигенција, кои се достапни на училишните уреди „Chromebook“, пишува Euronews.

To top