Натаму, покрај другото, „Политико“ наведува: Трката за влегување во претседателската Елисејската палата веќе започнува да се „загрева“. Актуелни и поранешни министри, пратеници и политички помошници – вклучувајќи тројца сојузници на Макрон – изјавија за POLITICO дека сега кога борбата за буџетот е завршена и загриженоста на лутите граѓани и нервозните пазари е смирена, целиот циклус на француската политика ќе се префрли во режим на кампања на сметка на валканата работа на донесување закони.
Прво ќе дојдат општинските избори следниот месец, каде што гласачите во сите повеќе од 35.000 општини во Франција ќе избираат градоначалници и градски совети. Потоа целото внимание ќе се сврти кон трката за семоќното претседателство. Макрон не може повторно да се кандидира, поради ограничувања на мандатот. Анкетите покажуваат дека би можел да биде заменет од кандидат од крајно десничарската партија „Национално собирање на Франција“.
„Ова е крајот на мандатот [на Макрон]“, рече поранешен советник близок до премиерот Себастијан Лекорну. Габриел Атал, поранешниот премиер на Макрон, кој сега ја води партијата на францускиот претседател, потврди дека усвојувањето на буџетот го означува „крајот“ на вториот мандат на Макрон.
Како претседател Макрон продолжува да врши силно влијание врз надворешните работи и одбраната, две сфери што ќе го одржат на светската сцена со оглед на геополитичките превирања предизвикани од вториот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп. – објави „Политико“.