Свет

Поради една реклама Трамп ги прекина трговските разговори со Канада

Рекламата прикажува некогашен говор на Реган во кој поранешниот и одамна починат американски претседател предупредува дека царините водат до губење на работни места и трговски војни

 

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека ги прекинува сите трговски разговори со Канада откако телевизиска реклама во која покојниот поранешен претседател Роналд Реган ги критикуваше царините за увезена стока ја нарече „измамничка“, објави Ројтерс.

„Поради нивното исклучително неприфатливо однесување, СИТЕ ТРГОВСКИ ПРЕГОВОРИ СО КАНАДА СЕ ПРЕКИНАТИ“, напиша Трамп на платформата Truth Social.

Рекламата, која се емитуваше во Онтарио, прикажува (некогашен) архивиран говор на Реган во кој тој предупредува дека царините водат до губење на работни места и трговски војни. Според премиерот на Онтарио, Даг Форд, токму оваа порака го привлече вниманието на американскиот претседател:

„Слушнав дека претседателот ја видел нашата реклама. Сигурен сум дека не бил многу задоволен“, рече Форд претходно оваа недела.

Одлуката на Трамп доаѓа во услови на тензии во билатералните економски односи.

Трамп долго време ги користи царините како алатка за притисок врз меѓународната трговија, а неговата сегашна трговска политика веќе доведе до највисоки нивоа на американски увозни царини во последните 30 години.

Следната година, САД, Канада и Мексико треба повторно да преговараат за Северноамериканскиот договор за слободна трговија (USMCA), што дополнително ќе го зголеми значењето на овој нов конфликт меѓу Вашингтон и Отава.

Најнови вести од: Свет

Футуристички пиштол без звук и чад: Кина ја откри новата електромагнетна технологија

Кина официјално го претстави компактното електромагнетно оружје во облик на пиштол, кое е способно да ги онеспособи целите без смртоносна сила кога е потребно, или да ослободи значително поголема моќност доколку ситуацијата го бара тоа.

Светско предупредување: Војната ја турка инфлацијата кон 7%?!

Шефицата на ММФ се осврна и на фискалната политика, предупредувајќи дека владите мора да бидат внимателни да не ја комплицираат дополнително работата на централните банки со своите потези. Претставниците на ММФ, рече таа, веќе работат со поединечни влади на пакети за фискална поддршка кои треба да бидат привремени и јасно временски ограничени.

To top