Свет

Порака од Гренланд до Трамп: Не сме парче мраз, туку горда нација

Најновите информации покажуваат дека спорот околу Гренланд не се смирува, туку само ја менува формата

Откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно го навреди островот, нарекувајќи го „големо, лошо управувано парче мраз“, реагираа властите на Гренланд:

„Гренланд не е парче мраз, туку народ што сам треба да одлучува за својата иднина“, изјави премиероот Јенс-Фредерик Нилсен кој му појасни на американскиот претседател дека станува збор за горд народ од околу 57.000 луѓе, а не за предмет што некој може да го мери како геополитички плен.

Најновите информации покажуваат дека спорот околу Гренланд не се смирува, туку само ја менува формата.

Иако Трамп претходно се повлече од отворената закана со сила и го префрли прашањето на дипломатски колосек по разговорите со генералниот секретар на НАТО, Нилсен сега јавно вели дека не гледа дека американската желба за „преземање или контрола“ на Гренланд навистина е тргната од маса.

Трамп: Мора да го поседуваме Гренланд, за да ги спречиме Русија и Кина да го земат

Во исто време, разговорите меѓу Гренланд, Данска и САД продолжуваат, а Вашингтон и натаму има воено присуство на островот врз основа на договор од 1951 година.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте изјави дека се водат преговори со САД, Данска и Гренланд за иднината на островот. Како што кажа фокус е ограничувањето на влијанието на Русија и Кина на Арктикот.

Руте: Трамп е во право за Гренланд

Најнови вести од: Свет

Печатите во пасошите одат во историја: ЕУ од денеска воведува дигитална евиденција за влез и излез

Иако EES е замислен како модернизација на граничниот систем, првите денови покажуваат дека транзицијата нема да помине без нервоза, подолги чекања и потреба од прилагодување.

Нови проценки од „Голдман Сакс“ – Дали следува поевтина нафта?!

Според новите проценки, причините за намалување на прогнозата се поврзани со очекувањата за послаба економска активност во одредени региони, како и со стабилизирање на снабдувањето на пазарот. Дополнително, геополитичките фактори, како и одлуките на големите производители на нафта, продолжуваат да имаат силно влијание врз цените.

To top