Свет

Преживеал една недела без храна, вода и кислород на Хималаите (ВИДЕО)

екорден број од повеќе од 1.000 алпинисти и нивните водичи се искачија на Еверест оваа сезона – пет алпинисти и водичи загинаа

Непалски шерпас, водич при искачување на Хималаите, е спасен од Еверест откако преживеал околу една недела на падините на највисоката планина во светот без храна и кислород, редок случај на преживување во такви услови.

Дава Шерпа, 52, се враќал со полски алпинист откако не успеале да го достигнат врвот од 8.849 метри кога тој исчезнал…
Последен пат бил виден на 29 мај. Неговиот клиент-аплинист се вратил во базниот камп, но не е јасно како се разделиле. Тие биле меѓу последните алпинисти на Еверест оваа сезона, која завршила минатиот месец.

Лама Кази Шерпа од Одборот за контрола на загадувањето изјави дека неговиот тим го лоцирал Дава над базниот камп во близина на ледениот водопад Кумбу и го однел на безбедно место. Неговиот тим ја чистел планината откако завршила сезоната.

Дава, сè уште облечен во својата јакна за качување, бил итно префрлен во болница на носилка од хелиодромот.

Семејството на Дава изјавило дека тој е добро и дека се лекува од смрзнатини и други компликации.

„Дава преживеал сам речиси една недела без храна, вода или дополнителен кислород, движејќи се низ опасниот леден водопад Кумбу, дури и откако беа отстранети фиксните скали за сезоната“, соопшти непалската компанија за планинарење Еверест на социјалните мрежи. „Ова е чудо“.

Рекорден број од повеќе од 1.000 алпинисти и нивните водичи се искачија на Еверест оваа сезона, а владата издаде 494 дозволи.

Пет алпинисти и водичи загинаа, соопштија официјални лица.

 

 

Најнови вести од: Свет

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување, за да не биде блокирана, а угледот на Урсула Лаен е на коцка!

„Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен се подготвува за борба со главните градови на ЕУ околу плановите за прием на нови членки. Taa има само неколку седмици да ги убеди дека може да се справува со опасностите од проширување на евроблокот. Угледот на Урсула фон дер Лаен е на коцка.“ – пишува денешното утринско издание „Плејбук“ на бриселскиот аналитички портал за европски прашања „Политико“ во својата статија со наслов „Операција за одблокирање“.

To top