Свет

Проиранскиот Хезболах влегува во војна со САД и Израел: Ќе ја преземеме нашата должност во соочувањето со агресијата

Проиранскиот Хезболах објави дека ќе влезе во војна и ќе се соочи со САД и Израел поради нивните напади врз Иран, главниот спонзор на милитантната организација. – Ќе ја преземеме нашата должност во соочувањето со агресијата, изјави лидерот на Хезболах, Наим Касем, додавајќи дека неговото движење нема да го напушти „полето на честа и отпорот“, објави „Тајмс оф Израел“.

Милитантната група не презеде никакви конкретни дејства, откако САД и Израел започнаа напади врз Иран. Исто така, не интервенираше за време на јунската војна меѓу Израел и Иран.

Хезболах организираше собир на илјадници луѓе во своето упориште во јужните предградија на Бејрут во знак на поддршка за Иран, додека либанските власти стравуваат дека би можел да се приклучи на конфликтот.

Либанскиот претседател Џозеф Аун, по вонредниот состанок на Врховниот совет за одбрана, изјави дека „одлуката за војна и мир припаѓа исклучиво на либанската држава“.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека сирените за воздушен напад се огласиле во неколку области на северен Израел откако ракетата била лансирана од Либан. Деталите за лансирањето моментално се разгледуваат. Ова е прв пат Хезболах да испали ракети врз Израел од крајот на минатогодишниот конфликт на Блискиот Исток.

Најнови вести од: Свет

Бивш амбасадор на САД: Војната со Иран е стратешка грешка од историски размери

Иво Далдер нагласи дека изјавите на Трамп, во кои тој објавува дека САД можеби нема да ги бранат сојузниците од идна воена агресија од страна на Русија или други противници, ја дестабилизираа алијансата и го потресоа глобалниот поредок

To top