Свет

Прскалки во шишиња шампањ најверојатен причинител за трагичниот пожар во Кран-Монтана

Претходно, швајцарскиот весник „Темп“ објави сведоштва од две Французинки кои биле во барот, кои укажаа дека можен причинител се декоративни свеќи закачени премногу блиску до дрвениот таван.

Трагичниот пожар во барот „Констелејшн“ во швајцарското одморалиште Кран-Монтана, кој избувна за време на новогодишната забава, однесе повеќе од 40 животи, а 115 лица беа повредени.

Француската телевизија БФМ денеска објави дека можна причина за пожарот се прскалки во шишиња со шампањ. На фотографија објавена на нивната веб-страница се гледаат гости, претежно млади луѓе, како држат шишиња шампањ со прскалки, од кои искри се расфрлаат нагоре, блиску до таванот. На еден дел од таванот е видлив пламен.

Претходно, швајцарскиот весник „Темп“ објави сведоштва од две Французинки кои биле во барот, кои укажаа дека можен причинител се декоративни свеќи закачени премногу блиску до дрвениот таван. Свеќите биле заглавени во празни шишиња шампањ, а целиот ентериер бил од дрво, што овозможило брзо ширење на пожарот.
Сведоците опишаа паника и тешка евакуација: излезот бил премал за бројот на гости (околу 200 лица), а скалите тесни. Некои гости скршиле прозорци за да избегаат.
Главната обвинителка на кантонот Вале, Беатрис Пилу, изјави дека истрагата ќе утврди дали биле почитувани сите безбедносни стандарди.

Медиумите објавија дека сопственици на барот се двајца Французи.

Истрагата продолжува, со фокус на можните причини – прскалки или свеќи – и почитувањето на противпожарните прописи.

Најнови вести од: Свет

На повеќе од 27 илјади лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола!

Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија лани во октомври, на над 27.000 лица им бил одбиен влезот во блокот, соопшти денеска Европската комисија. Меѓу лицата на кои им е забранет влезот, околу 700 претставувале директна закана за безбедноста.

Печатите во пасошите одат во историја: ЕУ од денеска воведува дигитална евиденција за влез и излез

Иако EES е замислен како модернизација на граничниот систем, првите денови покажуваат дека транзицијата нема да помине без нервоза, подолги чекања и потреба од прилагодување.

To top