Свет

Путин не е против градот да го врати историското име

Волгоград го има сегашно име од 1961 година, кога беше променето како дел од процесот на десталинизација во Советскиот Сојуз

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека прашањето за враќање на историското име Сталинград на градот Волгоград треба да се разгледа и реши на регионално ниво.

„Треба да размислиме за тоа“, рече Путин, нагласувајќи дека одлуката треба да зависи од волјата на локалното население и институциите.

Дискусијата околу преименувањето се интензивираше откако движењето „Ветерани на Русија“ испрати петиција до претседателот со која бара Волгоград да го врати старото име.

Според активистите, името Сталинград би можело да привлече повеќе туристи и да го зголеми историското значење на градот, познат по решавачката битка во Втората светска војна.

Комунистичката партија на Руската Федерација, исто така, ја поддржа иницијативата, официјално обраќајќи му се на Путин со сличен предлог.

Претседателот веќе изјави дека не ја исклучува можноста за враќање на историското име, но само ако мнозинството жители на Волгоград ја изразат својата согласност преку јавна дискусија или референдум.

Путин претходно ја поддржа идејата за преименување на аеродромот на градот во „Сталинград“ како симболичен гест кон херојското минато на регионот.

Волгоград го има сегашно име од 1961 година, кога беше променето како дел од процесот на десталинизација во Советскиот Сојуз.

Најнови вести од: Свет

Речиси половина од Германците се за укинување на помошта за Украина

Дури 49 отсто, сакаат да се намали или целосно да се укине помошта за Украина, покажуваат резултатите од анкетата што денеска ги објави агенцијата за истражување на јавното мислење „Југов“, спроведена за германскиот неделник „Велт ам Зонтаг“

Трамп објави кои му се пријатели!

Истовремено објави две фотографии — на едната се прикажани Јосиф Сталин, Френклин Делано Рузвелт и Винстон Черчил како седат на веранда, а на другата се Путин, Си и Трамп како позираат стоејќи — и пропратен со натписот: „Големите сили — 1945, 2026“

Aмериканските технолошки акции потонаа – најлоша недела од кризата со Kовид-19

Инвеститорите повеќе не предвидуваат целосно зголемување од четвртина поен на состанокот на Федералните резерви во декември, неколку дена откако гувернерот Кристофер Волер шпекулираше дека централната банка би можела да испорача џамбо зголемување од 0,5 процентни поени.

To top