Свет

Разлики во мапите: Зеленски и Трамп со различни визии за рускиот напредок во Украина(Видео)

Трамп и Зеленски имаат различни гледишта за напредокот на руските сили

Трамп и Зеленски имаат различни гледишта за напредокот на руските сили. На мапата што Трамп му ја покажал на Зеленски во Белата куќа биле означени следните проценти на руска контрола: Луганск 99%,  Донецк 76% (двете области го сочинуваат регионот Донбас),  73% од регионите Херсон и Запорожје на југ и југоисток, 4% од регионот Харков на североисток и 0,5% во регионите Сумски и Николаев.

„Ви благодарам за мапата, беше одлична“, иронично прокоментирал украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на состанокот во Белата куќа, каде пред присутните била презентирана мапа на Украина со една петтина од територијата обележана во црвено.

„Размислувам како да ја вратам“, додал тој.

Присутните, вклучително и европските лидери, кратко се насмеале, на што Трамп духовито одговорил: „Не се секирај, ќе ти дадеме една“.

Снимката од состанокот во Вашингтон, која се рашири на социјалните мрежи, ги разгоре шпекулациите дали Украина ќе мора да ги отстапи регионите Донецк, Луганск, Херсон и Запорожје на Русија во рамките на преговорите.

Зеленски изразил резерви кон процентите прикажани на американската мапа, кои укажуваат на обемот на територијата под руска контрола. Според него, тие не ја одразуваат целосно реалноста.

Тимот на Зеленски, пак, презентирал своја мапа, на која било прикажано дека во последните 1.000 дена Русија окупирала помалку од 1% од украинската територија. Зеленски подоцна изјавил дека за време на разговорот со Трамп се спротивставил на податоците од американската мапа, нагласувајќи дека станува збор за „реална контрола, а не за гласини“.

Трамп, од друга страна, имал поинакво мислење. Ден по состанокот, во изјава за Фокс Њуз, тој рекол: „Сигурно сите ја видовте мапата. Русија зазеде голем дел од територијата, и таа е под нивна контрола“. Тој додал дека руските сили се „многу посилни и не запираат“.

На прашањето за расположението меѓу европските лидери во врска со можната размена на територии, Трамп изјавил: „Сега зборуваат за Донбас, но Донбас во моментов е 79% под контрола на Русија“.

Според аналитичарите од украинската група за мапирање DeepStateUA, од ноември 2022 година Русија окупирала 5.842 квадратни километри од Украина.

Состанокот во Вашингтон меѓу Трамп, Зеленски и европските лидери бил прекинат по 40 минути, за Трамп да оствари телефонски разговор со Путин и да разговара за можна тројна средба. Додека светот очекува разврска, неколку земји, вклучително Австрија, Унгарија, Швајцарија и Србија од регионот, се понудиле да бидат домаќини на таков самит.

Зеленски изјавил дека во наредните 10 дена очекува појаснување за какви безбедносни гаранции ќе ѝ се понудат на Украина и дека тие ќе бидат тема на дискусија на потенцијалниот самит.

https://x.com/HotSpotHotSpot/status/1957525561141784917

Најнови вести од: Свет

Орбан: Украина е непријател на Унгарија, бараше да не добиваме руски енергетски резерви

„Додека Украина го прави ова, нашиот непријател ги крши нашите основни интереси“, рече Орбан и истакна дека, доколку не беа руската нафта и гас, Унгарија ќе мораше да плаќа неколку пати повисоки цени од сегашните“

Македонското знаме се развеа на ЗОИ 26 во Италија: оптимизам во МОК и меѓу нашите олимпијци за добри резултати од настапите (Видео)

Четворица спортисти ја претставуваат Република Македонија на Зимските олимписки игри 2026 во Италија. Јана Атанасовска е најмладата македонска натпреварувачка и рекордерка во алпско скијање. Ставре Јада е најискусен член на македонскиот олимписки тим, кому ова му е трето учество на Зимски олимписки игри, по настапите на Олимпијадата во 2018 година во Пјонг Чанг, во Јужна Кореја, и на Олимпијадата во 2022 година во Пекинг, во Кина. По настапот на претходната Олимпијада во Пекинг Ана Цветановска повторно ќе ја претставува Македонија во истите нордиски дисциплини. Четвртиот наш натпреварувач е Виктор Петков, кој последен влезе во државниот олимписки тим. Честа да го носат македонското државно знаме на вчерашната официјалната церемонија на отворањето на ЗОИ 2026 ја имаа Атанасовска и Јада.

80-годишен Италијанец под сомнение за учество во „снајперски туризам“ во Сараево

Покренувањето на истрагата во ноември 2025 година предизвика реакции кај преживеаните од опсадата и нивните семејства, кои изразија надеж дека ќе се утврдат одговорностите и ќе се изведат пред правдата лицата вклучени во овие наводни злосторства, дури и по три децении.

To top