Свет

Револуционерната гарда на Иран потврди загуба на клучни воени кадри

Техеран порача: Вашите среќни денови завршија, убиството на врховниот лидер го направија Иран посилен

Иранската новинска агенција „Тасним“, поврзана со Револуционерната гарда (ИРГЦ), за првпат објави официјален список со кој ја потврдува смртта на седуммина високи команданти на вооружените сили, за кои тврди дека биле убиени во израелските напади.

Станува збор за следните функционери:

– Бригаден генерал Мохамад Ширази, раководител на Канцеларијата на врховниот командант
– Бригаден генерал Салех Асади, заменик за разузнавачки прашања во Генералштабот на вооружените сили
– Генерал-мајор (воздухопловство) Мохсен Дарехбаги, заменик за логистика и поддршка на вооружените сили
– Бригаден генерал Акбар Ебрахимзадех, заменик-раководител на Канцеларијата на врховниот командант
– Бригаден генерал Голамреза Резаијан, раководител на Разузнавачката организација Фараџа
– Бригаден генерал Бахрам Хосеини Мотлаг, раководител на Одделот за планирање и операции во рамки на Оперативниот заменик на Генералштабот
– Бригаден генерал Хасан-Али Таџик, раководител на Одделот за логистика на Генералштабот на вооружените сили

Иранската Исламска револуционерна гарда упати и остра закана до своите противници, порачувајќи дека „нивните среќни денови завршиле“ и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, па дури ни во сопствените домови.

Според државната телевизија на Исламската Република Иран (ИРИБ), ИРГЦ оценила дека неодамнешните загуби, вклучително и смртта на врховниот лидер и други високи функционери, „не го разнишале Иран, туку го направиле посилен“.

Револуционерната гарда истакнала дека Иран ќе продолжи со борбата „сè додека непријателот не биде поразен“.

Објавувањето на списокот претставува прва официјална потврда од иранска страна за загубата на високи воени функционери, во услови на ескалација на конфликтот меѓу Иран и Израел.

Засега нема дополнителни детали за околностите под кои се убиени командантите, ниту за тоа како ова ќе влијае врз оперативната структура на иранските вооружени сили.

Најнови вести од: Свет

Футуристички пиштол без звук и чад: Кина ја откри новата електромагнетна технологија

Кина официјално го претстави компактното електромагнетно оружје во облик на пиштол, кое е способно да ги онеспособи целите без смртоносна сила кога е потребно, или да ослободи значително поголема моќност доколку ситуацијата го бара тоа.

Светско предупредување: Војната ја турка инфлацијата кон 7%?!

Шефицата на ММФ се осврна и на фискалната политика, предупредувајќи дека владите мора да бидат внимателни да не ја комплицираат дополнително работата на централните банки со своите потези. Претставниците на ММФ, рече таа, веќе работат со поединечни влади на пакети за фискална поддршка кои треба да бидат привремени и јасно временски ограничени.

Најнови вести

To top