Свет

Ригорозни казни за палење на американското знаме

Ова може и кај нас

Американскиот претседател Доналд Трамп подготвува извршна уредба со која ќе се воведат строги казни за сквернавење на американското знаме, вклучително и негово палење, јави „Фокс њуз“.

„Знамето е најсветиот симбол на САД, а неговото сквернавење е израз на омраза и непријателство кон нашата нација“, се наведува во документот.

Со уредбата се задолжува Министерството за правда да покренува кривични постапки против сторителите, а истовремено се предвидува и проширување на ограничувањата за странци кои учествуваат во такви акции – вклучително и укинување визи и забрана за престој.

Мерката следи по серија протести на кои беше палено знамето, особено за време на анти-израелски демонстрации и имграциски акции.

Покрај ова, Трамп веќе воведе низа мерки за промовирање на патриотизмот, меѓу кои и забрана за истакнување други знамиња во американските амбасади.

Најнови вести од: Свет

Министерот Муцунски денеска во Париз

Во рамки на посетата, ќе оствари средби со министерот за Европа на Француската Република, Бенџамин Адад, како и со Бертран Бушвалтер, советник за континентална Европа и Турција на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон

To top