Свет

Рубио: САД не сакаат Европа да биде вазал на Вашингтон

САД бараат партнер а не вазал

Американскиот државен секретар Марко Рубио во Братислава изјави дека САД не сакаат Европа да биде „зависна“ или „вазал“ на Вашингтон.

– Не сакаме Европа да биде зависна и не сакаме Европа да биде вазал на САД, туку да биде партнер – наведе Рубио по средбата со словачкиот премиер Роберт Фицо.

Рубио се осврна и на наводите на пет европски држави дека рускиот опозиционер Алексеј Навални бил отруен од токсин на жаба односно со епибатидин, силен нервен токсин, добиен од отровна жаба во Јужна Америка.

Тој потенцира дека тоа е вознемирувачко и оти САД немаат причина да се сомневаат во тврдењето на Велика Британија, Франција, Германија, Шведска и Холандија.

Тие држави дошле до таков заклучок. Тие ја координирале студијата. Ова не значи дека ние го оспоруваме или се обидуваме да се дебатираме со овие земји околу резултатите. Но, тоа е нивниот став, нагласи Рубио.

Русија повеќе пати демантираше дека е вмешана во смртта на Навални, кој почина во затвор на 16 февруари 2024 година на 47-годишна возраст.

Претходно, Фицо изјави дека Словачка се надева дека следната година ќе потпише договор со американската компанија „Вестингхаус“ за водење на конзорциум за изградба на нова нуклеарна централа. Тој, исто така, посочи дека Словачка е заинтересирана за купување на уште четири авиони ловци Ф-16 од САД.

Најнови вести од: Свет

Иранска државна телевизија: Мохтаба Хамнеи е ранет од непријателот во војната

Водителите читаа извештаи во кои се нагласува дека тој е ранет од непријателот, но не беа дадени никакви дополнителни детали за природата, времето или тежината на повредата, ниту пак за неговата моментална здравствена состојба.

На 17 години се бореше на фронтот – сега Мојтаба Хаменеи ја води „светата“ војна против Америка (ВИДЕО)

Во време на ескалација на конфликтот меѓу Соединетите Американски Држави, Израел и Иран, вниманието на глобалната јавност е насочено кон новиот врховен водач на Исламската Република Иран, Мојтаба Хаменеи.

Ердоган до Иран: „Не фрлајте сенка врз нашите илјадагодишни братски односи“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска, по седницата на владата во Анкара, изјави дека Турција испратила јасно предупредување до Иран откако втора балистичка ракета од иранска територија влегла во турскиот воздушен простор и била пресретната од системите за противвоздушна одбрана на НАТО.

Напад врз централниот дел на Израел: Аларми во подрачјата каде што живее половина од населението

Сирени за воздушна опасност речиси без престан се активираат во централниот дел на Израел поради ракетни напади, јавуваат очевидци. Според првичните информации, ракетниот оган доаѓа од Иран или од движењето Хезболах од Либан, додека во неколку погодени подрачја се забележани столбови чад по ударите.

„Политико“: Расте бунтот против Урсула Лаен, ги изнервира и европските влади, зашто се меша во сѐ и сешто!

„Урсула фон дер Лаен ги изнервира европските влади: си го пречекорила мандатот во иранската криза. Европските влади се иритирани поради, како што велат, потегот на Урсула фон дер Лаен да се позиционира како главен претставник на Европската Унија во странство, и тврдат дека во првите денови од американско-израелската кампања против Иран таа го пречекорила својот мандат.“ – пишува „Политико“.

To top