Свет

Рубио: Зеленски лаже

САД не ги условиле безбедносните гаранции со тоа што Украина да отстапи дел од својата територија на Русија

 

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека „лаже“ кога вели дека САД ги условиле своите безбедносни гаранции (за Улраина) со тоа што Киев ќе ѝ отстапи дел од својата територија на Русија.

„Тоа е лага“, изјави шефот на дипломатијата на САД за новинарите по состанокот на Г7 во близина на Париз во петокот.

„Видов дека Зеленски го кажа тоа и жално е што го кажа тоа затоа што знае дека не е вистина“, додаде Рубио.

Преговорите за завршување на четиригодишната војна се уште се во ќорсокак, потсетува Франс Прес.

Зеленски претходно изјави за Ројтерс дека Соединетите Американски Држави ги понудиле своите безбедносни гаранции потребни за мировен договор во Украина под услов Киев да го отстапи источниот регион Донбас на Русија.

Најнови вести од: Свет

Над 50.000 американски војници на Блискиот Исток

Воени експерти предупредуваат дека дури и 50.000 војници, од кои голем дел се на море, е премал број за каква било голема копнена операција. За споредба, Израел распореди повеќе од 300.000 војници во своите операции во Појасот Газа

To top