Свет

Русија му помага на Иран, тврди „Вашингтон пост“

Весникот пишува дека Москва му доставува разузнавачки информации на Техеран за локациите на американските бродови и авиони

Русија му доставува разузнавачки информации на Иран, кои вклучуваат локации на американски воени бродови и авиони на Блискиот Исток, објави денеска весникот „Вашингтон пост“, повикувајќи се на тројца официјални лица запознаени со доверливите податоци.

Обемот на руската поддршка за Иран не е целосно јасен, но способноста на иранската војска да ги лоцира американските сили е ослабена откако САД и Израел минатата недела започнаа напади врз Техеран, наведува весникот, а пренесува агенцијата Ројтерс.

Портпаролката на Белата куќа, Ана Кели, не ги коментираше директно наводите за руската поддршка за Иран.

„Иранскиот режим е целосно ослабен. Нивниот одговор со балистички ракети секој ден слабее, нивната морнарица се уништува, производствените капацитети се разоруваат, а нивните сојузници едвај пружаат отпор“, изјави Кели во писмен одговор на прашања од Ројтерс.

Кремљ во петокот соопшти дека Русија е во дијалог со претставници на иранското раководство, но одби да даде детали кога новинарите прашаа дали Москва му помага на Техеран.

Најнови вести од: Свет

Помалку кондоми, кеси за ѓубре и медицински материјал – Нафтената криза се претвора во криза на сè

Притисокот сега се шири на сите делови од потрошувачкиот пазар, при што цените на материјалите како што се пластика, гума и полиестер растат. Последиците се најочигледни во Азија, која сочинува повеќе од половина од светското производство и е во голема мера зависна од увезената нафта и други суровини.

Масовно „чистка“ во Пентагон: Хегсет го смени шефот на Генералштабот и уште неколку други генерали без објаснување

Отпуштањето доаѓа во многу чувствителен момент – додека американските сили водат активни воени операции против Иран, а илјадници војници од 82-ра воздушно-десантна дивизија се упатуваат кон регионот.

To top