Свет

САД и Иран блиску до договор, но остануваат неколку клучни разлики

Иранската новинска агенција „Фарс“ ја демантира изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Ормускиот Теснец ќе биде целосно отворен, велејќи дека теснецот ќе остане под иранска контрола.

Иранската новинска агенција „Фарс“ ја демантира изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Ормускиот Теснец ќе биде целосно отворен, велејќи дека теснецот ќе остане под иранска контрола.

Трамп вчера изјави дека поширок договор меѓу САД и Иран е „во голема мера договорен“ и дека Ормускиот Теснец ќе биде повторно отворен, што беше протолкувано како можен знак за крај на повеќемесечната конфронтација.

Меѓутоа, „Фарс“ ја отфрли оваа интерпретација, наведувајќи дека според најновата верзија на предлогот што се разменува меѓу двете страни, Ормускиот Теснец нема да биде целосно отворен. Агенцијата истакнува дека станува збор само за враќање на сообраќајот на предвоеното ниво, но не и за слободен премин како што беше пред конфликтот.

Според извори запознаени со преговорите, новиот меморандум за разбирање предвидува прекин на непријателствата, постепено отворање на Ормускиот Теснец, укинување на американската блокада на иранските пристаништа и одмрзнување на дел од иранските средства во странски банки.

Договорот, исто така, би отворил период од најмалку 30 дена за продолжување на преговорите за иранската нуклеарна програма, особено за судбината на залихите на високо збогатен ураниум.

Американскиот претседател Трамп призна дека конечните детали сè уште се усогласуваат и дека е можно некои делови од меморандумот да се изменат.

Според „Аксиос“, САД и Иран се блиску до договор што би предвидел 60-дневен прекин на огнот, со можност за продолжување. Во тој период би се работело на повторно отворање на теснецот, а Вашингтон би можел да даде одредени исклучоци од санкциите за Иран повторно да извезува нафта.

Пакистан, кој го посредува процесот, оцени дека преговорите се движат во позитивна насока, но нагласи дека договорот сè уште не е финализиран и дека постои ризик да пропадне.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top