Свет

САД ќе ѝ дадат офанзивно оружје на Украина, ЕУ ќе плати

„Ние не плаќаме ништо за тоа. Ние ги испраќаме. Тоа ќе биде бизнис за нас“, вели Трамп.

Претседателот Трамп ќе објави нов план за вооружување на Украина денеска, кој се очекува да вклучува и офанзивно оружје, велат за „Аксиос“ два извори запознаени со плановите.

Испраќањето офанзивно оружје би било голема промена на стравот на Трамп, кој до неодамна велеше дека ќе обезбеди само одбранбено оружје за да избегне ескалација на конфликтот.

Трамп вчера изјави дека САД ќе ѝ испратат на Украина повеќе ракети за воздушна одбрана „Патриот“, за кои рече дека на Киев „очајно му се потребни“.

Претседателот истакна дека Европската Унија ќе плати за нив.

„Ние не плаќаме ништо за тоа. Ние ги испраќаме. Тоа ќе биде бизнис за нас“, додаде Трамп.

На прашањето на новинар дали утре ќе објави санкции за Русија, Трамп не даде директен одговор. Минатата недела, тој рече дека во понеделник ќе даде „голема изјава за Русија“, без да образложи повеќе.

Се очекува Трамп да открие нов план за вооружување на Украина во понеделник, кој веројатно ќе вклучува офанзивно оружје како што се ракети со долг дострел способни да удираат длабоко во руска територија, вклучително и во Москва.

Според новиот договор, кој ќе биде презентиран за време на состанокот на Трамп со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, европските земји ќе платат за американското оружје што ќе биде испратено во Украина.

Најнови вести од: Свет

EES системот повод за нова поделба во ЕУ

Франција, Белгија, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија побараа дополнително време за целосна примена на биометриските проверки на одредени гранични точки, особено на прометните аеродроми

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top