Свет

САД ќе ги забранат ветерниците за производство на струја

Трамп ја нарекува енергијата на ветерот „најскапата форма на енергија“ и тврди дека тие го уништуваат туризмот и погледот на океанот

Американскиот претседател Доналд Трамп ги запира сите големи ветерни фарми во крајбрежни региони, објави Си-Ен.Ен

Администрацијата на Трамп објави дека ги запира федералните договори за пет од најголемите ветерни паркови во изградба на источниот брег на САД.

Аргументите на претседателот и неговата администрација се првенствено фокусирани на националната безбедност, но вклучуваат и економски и естетски аргументи.

Министерството за внатрешни работи и секретарот Даг Бургум се повикуваат на неодамна завршени класифицирани извештаи од Министерството за војна во кои се вели дека огромните ротирачки перки на турбините и високо рефлективните челични кули создаваат таканаречен шум“ што се меша со воените радари.

Ова го отежнувало откривањето на вистински подвижни цели (авиони или ракети) и генерира лажни сигнали.

Администрацијата тврди дека големите „ветерни фарми“ во близина на големите населени центри на источниот брег создаваат „празнини“ во одбраната од напредната технологија на противникот.

Трамп ја нарекува енергијата на ветерот „најскапата форма на енергија“ и тврди дека таа преживува само благодарение на огромните владини субвенции што планира да ги пренасочи кон производство на нафта и гас.

Според администрацијата, зелената енергија вештачки ги зголемува сметките за електрична енергија на Американците. Американскиот претседател ги смета турбините за „грди“ и тврди дека тие го уништуваат туризмот и погледот на океанот.

Затворањето би можело да влијае на милијарди долари инвестиции и да запре речиси шест гигавати нов електричен капацитет што требаше да се пушти во употреба во следните неколку години.

Најнови вести од: Свет

На повеќе од 27 илјади лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола!

Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија лани во октомври, на над 27.000 лица им бил одбиен влезот во блокот, соопшти денеска Европската комисија. Меѓу лицата на кои им е забранет влезот, околу 700 претставувале директна закана за безбедноста.

Печатите во пасошите одат во историја: ЕУ од денеска воведува дигитална евиденција за влез и излез

Иако EES е замислен како модернизација на граничниот систем, првите денови покажуваат дека транзицијата нема да помине без нервоза, подолги чекања и потреба од прилагодување.

To top