Свет

САД најавуваат олеснување на санкциите за нафтениот сектор на Венецуела

Американски официјални претставници

Американски официјални претставници работат на скоро издавање општа дозвола со која би се укинале дел од санкциите кон енергетскиот сектор на Венецуела, што укажува на промена на досегашната практика на поединечни изземања, соопштија четири извори.

Соединетите Американски Држави со месеци го блокираат извозот на венецуелската нафта, распоредувајќи воени бродови во Карипскиот регион. На почетокот на јануари, американските сили го уапсија венецуелскиот претседател Николас Мадуро, со образложение дека треба да биде изведен пред американски суд под обвинение за, како што беше наведено, „наркотероризам“.

Претседателската функција привремено ја презеде заменичката на Мадуро, Делси Родригез, а Вашингтон соопшти дека со Каракас склучил договор за испорака на нафта во вредност од две милијарди долари. Американските власти ги повикаа компаниите да инвестираат во Венецуела, со процени дека вкупниот износ на инвестиции во следната деценија би можел да достигне 100 милијарди долари.

Во меѓувреме, дозволи за трговија беа издадени на компаниите „Витол“ и „Трафигура“, додека бројни партнери и купувачи на државната нафтена компанија PDVSA поднесоа барања за проширување на производството и извозот. Меѓу нив се „Шеврон“, „Репсол“ и „ЕНИ“, индиската рафинерија „Релајанс индустрис“, како и група американски услужни компании.

Големиот број поединечни барања доставени до американската влада ја забавил реализацијата на плановите за проширување на извозот и за брзи инвестиции во Венецуела, изјавија два извора.

Канцеларијата за контрола на странскиот имот при Министерството за финансии на САД воведе санкции врз целокупната венецуелска енергетска индустрија во 2019 година, по претседателските избори на кои Мадуро освои уште еден мандат. Белата куќа тогаш соопшти дека изборите не биле легитимни.

Најнови вести од: Свет

Талибанците во Авганистан го легализираа семејното насилство: Донесен закон што дозволува мажот да ги тепа жената и децата!

Талибанците во Авганистан на 21 февруари го донесоа новиот Кривичен закон што им дозволува на мажите да ги тепаат своите „сопруги и деца“, под услов тоа да не резултира со „видливи фрактури или отворени рани“. Законот го класифицира семејното насилство како „дискреционо“ прашање, наместо да го третира како изричито кривично дело.

Орбан до Зеленски: 4 години сакате да нè вовлечете во војната меѓу Украина и Русија

Унгарците „не се одговорни за ситуацијата во која се наоѓа Украина“, дека сочувствуваат со украинскиот народ, но дека „не сакаат да учествуваат во војната“, „не сакаат да ги финансираат воените напори“ или „да плаќаат повеќе за енергија“, му порача Орбан на украинскиот претседател

To top