Свет

САД предупредуваат дека Русија складира ракети за идни напади

Даниел П. Дрискол, секретарот на американската армија, ја искористи растечката закана од Москва како начин да продаде брз мировен договор неповолен за Украина

Ден Дрискол, им кажал на европските сојузници дека Русија складира ракети што би можеле да се користат и против Киев и во потенцијален конфликт надвор од Украина, објавува „Њујорк тајмс“.

Според публикацијата, која цитира западни дипломати, Дрискол ја искористил оваа закана како аргумент во корист на брзото потпишување на мировен договор меѓу Украина и Русија.

Оваа недела, Дрискол одржа разговори во Украина, Женева и Абу Даби, дискутирајќи за мировниот план на САД. Неговата првична верзија, објавена од неколку медиуми, содржеше неколку услови неприфатливи за Украина и генерално беше посогласна со барањата на Русија.

Како што пишува NYT, коментарите на Дрискол за руските ракети очигледно имале за цел да покажат дека „мора брзо да се најде решение, бидејќи заканата од ракети расте и може да доведе до катастрофален удар врз Украина и да се прошири надвор од нејзините граници“.

Според изворите на весникот, европските дипломати ја сметале заканата од складирање ракети за многу сериозна.

Mинатото лето се појавија докази дека Русија користи новопроизведени ракети за да ја нападне Украина.

Ова сугерира дека не е во можност да акумулира голем залихи од ракети. Особено, во нападот врз детската болница во јули 2024 година е употребена ракета произведена само неколку месеци претходно.

Од друга страна, според украинското воено разузнавање, до јуни оваа година, Русија го зголемила производството на крстосувачки и балистички ракети на приближно 2.900 годишно.

Украинските воздухопловни сили објавија постепено зголемување на бројот на ракети што руската армија ги користи против Украина. Според „Њујорк тајмс“, руската армија лансирала 2.061 различни ракети во 2024 година, а оваа година се очекува нивниот број малку да се зголеми.

Според Фабијан Хофман, експерт на Универзитетот во Осло, „обемот на производство на ракети не одговара на бројот на лансирања“ и Русија можеби ги складира.

Експертот е особено загрижен за исцрпувањето на средствата за воздушна одбрана на Украина во овој поглед.

Сепак, Хофман предупредува дека Русија нема да престане да произведува ракети дури и ако има пауза во непријателствата или војната заврши.

„Доколку Русија излезе како победничка од оваа војна, може да се почувствува склона да се впушти во понатамошни авантури во иднина и да натрупа огромни залихи од оружје со долг дострел“, изјави експертот за весникот.

Најнови вести од: Свет

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување, за да не биде блокирана, а угледот на Урсула Лаен е на коцка!

„Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен се подготвува за борба со главните градови на ЕУ околу плановите за прием на нови членки. Taa има само неколку седмици да ги убеди дека може да се справува со опасностите од проширување на евроблокот. Угледот на Урсула фон дер Лаен е на коцка.“ – пишува денешното утринско издание „Плејбук“ на бриселскиот аналитички портал за европски прашања „Политико“ во својата статија со наслов „Операција за одблокирање“.

Тајландски функционер убиен во неговата канцеларија од поранешен пратеник

Вооружен човек уби тајландски функционер во канцеларија на локалната самоуправа на периферијата на главниот град Бангкок во понеделникот, соопштија властите, неколку дена откако пукањето во училиште во истата покраина повторно ја разгоре дебатата за контрола на оружјето.

Дали британскиот премиер ќе поддржи создавање „Европска конфедерација“ што би ја вклучила и Македонија?!

Британскиот премиер Енди Бернам доби предлог од поранешен член на Конзервативната партија во оваа земја, за создавање „Европска конфедерација“ во која би била вклучена и Македонија.

To top