По неколкудневен молк, Пентагон официјално потврди дека еден од најскапите и технолошки најнапредните средства на американската разузнавачка служба – MQ-4C Triton – исчезнал над Ормускиот Теснец на 9 април 2026 година.
Иако причините за падот остануваат тајна, инцидентот е класифициран како „несреќа од класа А“ – најтешката категорија несреќа во американската морнарица, придружена со губење на средства вредни 238,2 милиони долари.
Пред да исчезне сигналот, дронот доживеа нагло паѓање од 15.000 на 3.000 метри надморска височина, последователно пријавувајќи ги кодовите 7400 (губење на комуникацијата) и 7700 (општа вонредна состојба).
MQ-4C Triton не е типичен ударен дрон, туку поморска верзија на познатиот RQ-4 Global Hawk, но со драстични подобрувања за работа над океанот.
Со распон на крилата од речиси 40 метри (повеќе од „Боинг 737“), лета над 17.000 метри – надвор од опсегот на повеќето стандардни противвоздушни системи – и останува во воздух повеќе од 30 часа, покривајќи милиони квадратни километри.
Додека Ф-35 е напаѓачко сечило, Triton е „мозокот“, обезбедувајќи ги координатите. Губењето на еден од само 20-те такви машини е стратешки удар врз капацитетот за рано предупредување во Персискиот Залив.
Губењето на „Тритон“ над Ормуз е најскапиот поединечен инцидент досега. Тоа ја лишува ЦЕНТКОМ (централната команда на американската армија – н.з.) од можноста да ги следи иранските ракетни бродови во теснецот во реално време, додека вниманието на Вашингтон се префрла и на Карибите поради зголемените тензии со воената хунта во Куба.