Свет

Салвини: „Стави шлем, панцир, земи пушка и оди во Украина“

Вицепремиерот на Италија со „совет“ до францускиот претседател околу неговото инсистирање за испраќање европски трупи во Украина

Франција го повика италијанскиот амбасадор во Париз на разговори откако италијанскиот вицепремиер Матео Салвини го критикуваше францускиот претседател околу неговото инситирање за испраќање европски трупи во Украина, јавува Еуроњуз

На прашањето дали би ги коментирал повиците на Емануел Макрон да испрати војници од европските земји во Украина доколку се постигне договор со Русија, Салвини претходно оваа неделаму рече:

„Оди ако сакаш. Стави го шлемот, стави го панцирот, земи ја пушката и оди во Украина“.

Француски дипломатски извори велат дека тие „го потсетиле италијанскиот амбасадор дека овие забелешки ѝ штетат на атмосферата на доверба и историските односи меѓу двете земји… особено кога станува збор за непоколеблива поддршка за Украина“.

Салвини, популистичкиот лидер на десничарската партија „Лига“ и министер за транспорт во конзервативната влада на премиерката Џорџија Мелони, беше отворено критичен кон Макрон, особено во врска со Украина.

Макрон се обидува да мобилизира што е можно повеќе поддршка за Украина во случај на прекин на огнот, за што работи со други западни лидери, особено со британскиот премиер Кир Стармер.

Медведев за Макрон: „Галски петел без…“

Најнови вести од: Свет

ЕУ знае како да возврати удар на царините на САД кои предизвикаа бура реакции

Трамп ја потпиша наредбата, која треба да стапи на сила на 24 февруари за 150 дена, а со која се наметнуваат „глобални“ царини од 10 проценти, кои тој во саботата објави дека ќе ги зголеми на 15 проценти, со ретки исклучоци за фармацевтски производи и увоз опфатени со договорот меѓу САД, Мексико и Канада, пренесуваат светските медиуми.

Трамп потпиша глобална царина од 10% откако Врховниот суд ги поништи царините како неуставни

Конгресната истражувачка служба, која обезбедува законодавни истражувања и анализи за законодавците, објасни: „Член 122 од Законот за трговија од 1974 година му наложува на претседателот да преземе мерки што може да вклучуваат привремена царина кога тоа е неопходно за справување со ‘големи и сериозни дефицити во платниот биланс на САД или одредени други ситуации што претставуваат ‘фундаментални проблеми во меѓународните плаќања’.

To top