Свет

Се бара 2.400 години затвор за Имамоглу, екс-градоначалник на Истанбул

Истанбулското обвинителство поднесе обвинителен акт од речиси 4.000 страници, поради наводно создавање и водење организирана криминална група

Суд во Истанбул  вчера ја продолжи мерката притвор за поранешниот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, и за уште 104 лица уапсени во март во обемна антикорупциска истрага во Големата општина Истанбул

Имамоглу беше уапсен на 19 март под обвинение за корупција, а неколку дена подоцна градскиот совет го суспендираше од функцијата. Во истиот случај беа уапсени и повеќе општински службеници. Апсењата предизвикаа масовни протести, оценети како најголеми во Турција по 2013 година.

Во ноември, Истанбулското обвинителство поднесе обвинителен акт од речиси 4.000 страници, со кој бара до 2.400 години затвор за Имамоглу поради наводно создавање и водење организирана криминална група. Во документот се опфатени над 400 лица осомничени за учество во шеми за корупција вредни повеќе од 160 милијарди турски лири (околу 3,27 милијарди евра).

Во документот се опфатени над 400 лица осомничени за учество во шеми за корупција вредни повеќе од 160 милијарди турски лири (околу 3,27 милијарди евра).

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top