Свет

Сè повеќе пензионери во Германија живеат во сиромаштија и зависат од социјална помош

Претседателката на германската левичарска партија БСВ (BSW, Сара Вагенкнехт го нарече скандал тоа што сè повеќе пензионери во Германија не можат да живеат од сопствените пензии. „Сиромаштијата во староста е веќе огромен проблем во Германија и со текот на времето се влошува.“ – рече Вагенкнехт.

Рекордно ниско рамниште достигна бројот на пензионери во Германија, кои зависат од социјална помош, поради нивните ниски пензии, соопшти германскиот Сојузен завод за статистика. Според податоците од крајот на септември 2025 година, 755.300 пензионери во Германија ја примиле таканаречената „основна поддршка“, вид социјална помош наменета за пензионери, чии приходи не можат да ги покријат трошоците за живот.

Прагот за добивање на поддршката е 1.062 евра месечно, но се пресметува индивидуално во зависност од реалните трошоци за живот и сојузната покраина. Во споредба со истиот период минатата година, бројот на пензионери, кои примаат дополнителна државна финансиска помош, е зголемен за 25 илјади. Меѓу нив жените се застапени над просекот (57 отсто).

Една од главните причини за зголемувањето на трошоците за живот е зголемувањето на кириите, кои се зголемија повеќе од двојно во последните десет години во поголемите градови, како што е Берлин.

Нетпрес

Најнови вести од: Свет

На повеќе од 27 илјади лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола!

Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија лани во октомври, на над 27.000 лица им бил одбиен влезот во блокот, соопшти денеска Европската комисија. Меѓу лицата на кои им е забранет влезот, околу 700 претставувале директна закана за безбедноста.

Печатите во пасошите одат во историја: ЕУ од денеска воведува дигитална евиденција за влез и излез

Иако EES е замислен како модернизација на граничниот систем, првите денови покажуваат дека транзицијата нема да помине без нервоза, подолги чекања и потреба од прилагодување.

To top